Новата нишка на ковид-19 го загрижува британскиот министер за здравство
  Објавено на
share

 

Новата нишка на ковид-19 го загрижува британскиот министер за здравство

 

Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, денес изјави дека новиот вид на коронавирус е надвор од контрола, на тој начин оправдувајќи го затворањето на Лондон и на дел од Англија, што може да трае сè додека не се вакцинира популацијата.

– За жал, новиот вид е надвор од контрола. Треба повторно да воспоставиме контрола, а тоа е можно само со ограничување на социјалните контакти – изјави Ханкок за „Скај њуз“.

„Ќе биде многу тешко да се задржи контролата сè додека не се вакцинира населението“, додаде тој.

Конзервативната влада на Борис Џонсон вчера прогласи карантин за Лондон и за југоистокот и дел од источна Англија, принудувајќи повеќе од 16 милиони жители да останат дома и да се откажат од божиќните собири.

Сите продавници кои не продаваат храна и основни продукти се затворени и забрането е патување надвор од зоните со највисоко ниво на тревога.

Врз основа на податоците достапни од британските експерти, се смета дека новиот вид на вирусот побрзо се шири, а поради стравот дека ќе биде пренесен во други земји, некои држави ги откажаа летовите кон Велика Британија.

Сепак, паниката во светот расте откако беше објавено дека новиот вид на вирусот е регистриран уште три земји – Данска, Холандија и Австралија.

 

https://www.bbc.com/news/health-55308211

 

Is there a new strain of Covid-19 in UK?

A new strain of the virus that causes COVID-19 has been identified in southeast England, U.K. Health Secretary Matt Hancock said. It appears that this strain of the virus may be spreading more quickly, leading to more cases. There's no indication that it may cause more severe disease.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани