Повеќето Германци скептични околу вакцинацијата, Меркел реагираше со коментар
  Објавено на
share

 Повеќето Германци скептични околу вакцинацијата, Меркел реагираше со коментар

 

Во Германија, подготвеноста за вакцинација паднала на минимум од почетокот на епидемијата, пренесуваат тамошните медиуми.

Како главна причина се наведува стравот од несакани ефекти. Владата проценува дека треба да се вакцинираат две третини од луѓето за да се надмине пандемијата.

Првата вакцина против корона, која веќе масовно се дава во западните земји, направена е и од германски научници од „Бионтек“ во Мајнц. Утре (21 декември), Европската агенција за лекови треба да ја одобри вакцината за целата ЕУ, а Германија планира да започне вакцинација на 27 декември.

Сепак, во моментот помалку од половина Германци се подготвени да се вакцинираат, пишува „Дојче веле“.

Во истражување спроведено во втората недела од декември, само 48 проценти од луѓето рекле дека ќе се вакцинираат, објави мониторингот основан од Универзитетот во Ерфурт и Институтот Роберт Кох. На таа анкета, 40 проценти од луѓето изјавиле дека сакаат малку да почекаат пред да донесат одлука, а 11 проценти одбиле да се вакцинират.

Станува збор за драстичен пад на подготвеноста за примање на вакцината во споредба со пролетта, кога 79% од Германците во принцип изразиле подготвени да се вакцинираат кога вакцината ќе стане достапна.

Оние кои се скептични или целосно ја отфрлаат можноста за вакцинирање најчесто наведуваат причините како потреба од одмерување на придобивките и можните ризици, како и дека не веруваат во транспарентноста при објавувањето на можните нуспојави.

Истражувањето спроведено на 15 и 16 декември дало скоро ист процент како веќе споменатата анкета. Минатиот месец, Хамбуршкиот центар за здравствена економија направи споредба меѓу европските земји со заклучок дека Германија се движи во просекот – подготвеноста за вакцинација опаѓа насекаде.

Според проценките на германските научници, ефикасна вакцинација на 65-70 проценти од населението би била доволна за да се победи пандемијата. Се повеќе се слушаат гласови кои повикуваат на сеопфатна кампања за вакцинација за да им се објасни на граѓаните за придобивките од вакцината.

Пред неколку дена, канцеларката Меркел во Бундестагот повтори дека вакцинацијата ќе остане доброволна, но додаде: „Има и луѓе кои не сакаат да се вакцинираат. Доколку тоа се над 40, 50 или 60 проценти од популацијата, тогаш ќе мора да носиме маски многу подолго бидејќи нема да постигнеме имунитет на стадо“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани