Дали не е грев во име на заеднички мир да се одбегнува личност од кругот на роднините, која со своето однесување е”тежок”крст за носење, многу агресивна и покрај тоа што многу пати и е простено-не се менува?

Знам дека му е потребна помош, но многу пати моето семејство било жртва на неконтролираните нервни испади.

Ве молам, знам дека ова не е доволно за да се добие вистинска слика, но барем напишете нешто во врска со ова.

Одговор:

„Сакајте се помеѓу себе и по тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици…“

Голема е разликата, но мала е границата на одбегнувањето од љубов и егоизмот, но во секој случај доколку е некоја личност проблематична, некогаш мора да се одвоиме од неа.

И самото тоа одбегнување доколку е пропратено со молитва за неа, и љубов кон неа, во никој случај не е грев.

Некогаш тоа е единствениот начин за да се помогне. Но контактите во срцето, молитвата за нив, никогаш не смее да престане.

Љубовта боли, но тоа е единствениот пат кој ни го оставил Спасителот, Кој Самиот го изодел.

Старец Силуан вели:

Доколку во рајот видиме некого што воопшто не сме очекувале да го видиме или кого не сме го сакале што би почувствувале?

Срцето би оладило како железо… Но, на Бог не му треба железо во рајот.

Да го набљудуваме срцето и да се молиме. И Бог ќе ги промени работите на подобро.

И нормално, да ги избегнуваме проблемите.