Зошто доцнат фрижидерите, зошто затаија преговорите со производителите, зошто вакцината во Македонија ќе стаса откако во ЕУ ќе заврши вакцинацијата?
  Објавено на
share

Зошто доцнат фрижидерите, зошто затаија преговорите со производителите, зошто вакцината во Македонија ќе стаса откако во ЕУ ќе заврши вакцинацијата?

  И покрај тоа што фрижидерите до –70 степени Целзиусови ќе пристигнат во земјава кон средината на јануари, од Здравство тврдат дека „нашата земја е рангирана како прва во регионот по подготвеност за прием на вакцините против ковид-19“.08

Covid-19 vaccine: cryogenic containers to play key role | News | gasworld

 

Вакцините против ковид-19 во Македонија ќе стасаат во првото тримесечје од 2021 година, преку посредство на Грција и на Полска, поради тоа што не сме членка на Европската Унија, тврди Министерството за здравство.

И Србија не е членка на ЕУ, но веќе почна со вакцинација на населението. Од Здравство објаснуваат дека земји кои не се членки на ЕУ можат да добијат вакцини само преку посредство на земји членки, но и преку директни преговори со производителите на вакцина. Прашањето е каде затаија преговорите на македонските власти со производителите на вакцини и зошто Македонија треба да чека уште најмалку три месеци за да добие вакцини, период во кој речиси ќе заврши вакцинацијата во цела Европа.

На прашањето зошто доцнат вакцините во Македонија во однос на соседните земји и на ЕУ од Здравство велат:

– Нашата земја обезбеди вакцини преку Ковакс механизмот и планот за дистрибуција го диктира овој систем, а вакцините во исто време ќе стигнат во земјите кои аплицирале. Европската Унија за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини, тие вакцини веќе се дистрибуираа зо земјите членки на Унијата. ЕУ обезбеди дополнително 100 милиони вакцини за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид помош на нашата земја и понудија Полска и Грција. Нашата земја води и директни преговори со производителите на вакцина против ковид-19 за евентуална набавка и од нив.

Бугарија ќе ни даде од вакцините кои директно ги набавува од производителите

Од Министерството појаснуваат дека ветените вакцини од Бугарија за Македонија се дел од директната нарачка на Софија од производителите на вакцини, а не од вакцините кои соседната земја ги добила од пратката од 400 милиони дози кои ги обезбеди Унијата.

– Република Бугарија се обврза на нашата земја да и донира дел од вакцините против ковид-19 кои ги обезбедува директно од производителите, за што Министерството за здравство веќе информираше. Грција, како и Полска прифатија да посредуваат за вакцини против ковид-19 од дозите што ЕУ ги набави за земјите кои не се членки во Унијата – велат од Здравство.

Но, засега никој не знае кога Бугарија ќе ја добие оваа нарачка.

Фрижидерите до -70 степени ќе стасаат во средината на јануари

Deep Freeze DNA [image] | EurekAlert! Science News

 

УНИЦЕФ ќе ги дистрибуира вакцините од производителите до Македонија. Потоа, во земјава вакцината ќе ја преземат економски оператори кај кои ќе се чува вакцината за ковид-19.

NEW Cryogenic chamber for transport & storage of COVID-19 vaccine!

– Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на ова поле, односно се вклучени во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини. Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени Целзиусови, како и фрижидери до -20 степени Целзиусови. Овие дистрибутери имаат специјални возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрибуција на вакцините. Дополнително, Министерството за здравство ќе ги снабди операторите со фрижидери до –70 степени Целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари – велат од Здравство.

И покрај тоа што фрижидерите до –70 степени Целзиусови ќе пристигнат во земјава кон средината на јануари, од Здравство тврдат дека „нашата земја е рангирана како прва во регионот по подготвеност за прием на вакцините против ковид-19“.

– Изминатиов период од страна на нашата земја беа доставени информации и податоци за подготовките на нашиот здравствен систем, како и другите институции во процесот на спроведување на вакцинацијата. За вакцинација против ковид-19 ќе ја користиме постоечката, функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура каде досега се одвива вакцинацијата – додаваат од Министерството.

Кој прв ќе се вакцинира?

Вакцинацијата на клучни популации против ковид-19 ќе почне со здравствените работници кои работат во ковид центрите, лицата со хронични болести, стари лица над 65 години, како и вработени во институции од критична инфраструктура (полиција, пожарна, армија, шалтерски работници, администрација итн), објаснуваат од Здравство.

– Препораката на Светската здравствена организација е дека вакцинацијата е особено важна за групите со висок ризик од ковид-19, како и за луѓето кои се грижат за лицата со висок ризик и учествуваат во одржувањето на функционирањето на општеството – додаваат од Министерството за здравство.

Земјите на ЕУ денеска официјално почнаа со вакцинација на населението. Некои земји почнаа ден порано, како Германија, Франција, Шпанија, Словачка и Унгарија, а соседните Грција, Србија почнаа уште пред неколку дена.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера објави дека вакцините против ковид-19 им се испорачани на сите земји од Европската Унија и дека денеска ќе почне вакцинацијата.

„Нашите европски денови на вакцинацијата се трогателен момент на единството и успешната приказна на ЕУ“, сподели Фон дер Лајен на Твитер.

plusinfo




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани