Бидеејќи не му дозволиле да гради во Центар (заради мораториумот) морал да го сели бизнисот надвор од Македонија
  Објавено на
share

 Домашната градежна компанија Адора инженеринг го „сели“ бизнисот надвор од Македонија, во Србија и во Грција.

 Бидеејќи не му дозволиле да гради во Центар (заради мораториумот) морал да го сели бизнисот надвор од Македонија

Причината за тоа, Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг и претседател на Адора бизнис групацијата, ја лоцира во неповолната бизнис клима во земјава, но и неможноста да гради во општина Центар каде што имаше мораториум за изградба на нови објекти. Тоа придонело од 500 вработени компанијата да се сведе на само 25 луѓе.

„Се додека не се создаде поволна бизнис клима во градежништвото-високоградба во Македонија, Адора инженеринг ќе делува надвор од границите на Македонија. Мислевме дека рецесијата ќе ги вразуми властите во Општина Центар, но тоа не се случи. Сакаме макро развој во државата, а тоа е невозможно без микро или локален развој на општините. Нема подобро за македонската економија од тоа да работат бизнисмените, а преку тоа да ги полнат буџетите и на општините и на државата, вели Чифлиганец.

Според него, макро развојот во  Македонија не е можен без микро или локален развој на општините.

Тој се надева дека општина Центар „ќе покаже зрелост“ и дека сите институции, вклучително и општинските власти, ќе ги почитуваат судските одлуки бидејќи Уставниот суд неодамна го укина мораториумот.

Чифлиганец посочува дека поради мораториумот не граделе три години, а за да се ублажи ударот биле принудени да купуваат акции во други компании, најмногу удели во Комерцијална банка.

Адора веќа имала своја компанија во Србија (Adora Living Solutions), а Чифлиганец вели дека сега сите компании се инкорпорирани во Adora Business Group. Моментно се гради елитен станбено деловен комплекс во Златибор. Станува збор за станбено деловен комплекс од 7000 квадратни метри со 100 станови, кои што ќе бидат целосно опремени, односно во кои што сите станови (апартмани) ќе бидат комплетно унифицирано опремени со мебел и целата останата покуќнина, базен, спа и велнес центар, ресторан, теретана, двор за релаксација и останати современи содржини за планински одмор.

Чифлиганец вели дека уникатноста на бизнис моделот се состои во тоа што целиот комплекс ќе функционира во вид на хотел, кој што ќе биде менаџиран од страна од нова компанија Adora Hospitality Group, во која имаат партнер со големо искуство во областа на хотелиерството.

Чифлиганец открива дека компанијата работи на два проекти во Грција, од кои едниот е на Халкидики. Таму веќе се изградени вили со станови за продажба, а оваа година тој започнува проект на островот Тасос, каде што ќе изгради две станбени згради, каде дел од станбената единица ќе биде наменета за изнајмување, а дел ќе биде на продажба.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани