27 април во САД - Приврзаниците на Трамп ги пробија полициските барикади и влегоа во зградата на Конгресот
  Објавено на
share

 

27 април во САД - Приврзаниците на Трамп ги пробија полициските барикади и влегоа во зградата на Конгресот

 

Во Конгресот на САД денеска започна седницата на која треба да се потврди Џо Бајден за претседател, последниот чин пред неговата инаугурација на 20 јануари.

Но, илјадници приврзаници на актуелниот американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска пред своите симпатизери изјави дека никогаш нема да го признае поразот, се собраа во Вашингтон и започна жесток протест.

 На снимки се гледа како демонстрантите ја пробиваат привремената бариера поставена пред денешните настани.

„Фокс њуз“ објави дека се евакуирани двете згради на Конгресот поради извештаи за бомби. Забележани се и неколку сомнителни пакети.

Трамп кој според резултатите е губитник на изборите, денеска им се обрати на демонстрантите во парк во близина на Белата куќа, која Бајден треба да ја преземе за две недели, истакнувајќи дека никогаш нема да го признае поразот.

„Никогаш нема да се предадеме. Никогаш нема да признаеме пораз“, рече Трамп на митингот на неговите приврзаници пред Белата куќа.

„Ние победивме на тие избори и тоа убедливо“, нагласи тој.

Неговиот син Ерик ја загреа толпата, веејќи знамиња.

„Дали има некој што навистина мисли дека Џо Бајден победи на изборите?“, прашуваше Ерик, а демонстрантите извикуваа: „Не!“

Сите држави потврдија дека демократот Бајден е победник на изборите со 306 избирачки гласови, а обидите на Трамп да ја оспори неговата победа пред судовите низ целата земја пропаднаа. Бајден исто така доби седум милиони гласови повеќе, но Трамп одбива да ги признае резултатите од изборите за кои упорно тврди дека се наместени.

По немирите кои избувнаа, вработен во Си-ен-ен се обидел да ја напушти зградата, каде во моментов се одржува седница на Конгресот за да се потврди победата на Џо Бајден на претседателските, но не можел бидејќи полицијата соопштила дека зградата е под„блокада“.

Доналд Трамп се огласи на „Твитер“, но не го осуди хаосот создаден од неговите приврзаници. Тој сепак ги замоли да останат смирени.

„Ве молам, поддржете ја нашата полиција во Капитол и нашите сили за спроведување на законот. Тие се навистина на страната на нашата земја. Останете смирени“, напиша Трамп.

Последните информации се дека потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој претходно одби да го поддржи Трамп во неговите тврдења, е префрлен на тајна локација поради безбедносни прични.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани