АНТИХРИСТИЈАНСТВО
  Објавено на
share

АНТИХРИСТИЈАНСТВО

Да ги дообјасниме поконкретно овие неколку неразделни вистини.

Ви имам нагласено и другпат дека не можеме ние, т.н. христијани, само да чекаме некој да ни побара помош, па дури тогаш да размислуваме како и дали сакаме да му помогнеме, туку должни сме сами да ги побараме луѓето што страдаат и да им помогнеме!
 
Не можеме да се правиме глуви и слепи и да не помагаме, кога Богочовекот Христос со Свои зборови точно ни има кажано во Евангелието каде да Го најдеме:
„Гладен бев, и Ми дадовте да јадам; жеден бев, и Ме напоивте; странец бев, и Ме примивте;
необлечен бев, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте при Мене. (...)
 
Вистина ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 35–36; 40).
Живееш во светот и велиш дека вистински Го бараш Христос – ете каде Е!
Или, ако речеме: никој не ни побарал помош, Евангелието нn4; разобличува – Самиот Господ Исус Христос постојано ни ја бара. Најбитно за нас, т.н. христијани, е сознанието дека Господ се поистоветува само со страдалниците.
 
Ако ние им помагаме – добро за нас; ако не – Тој нема ништо со нас. Ние, на почетокот, можеме да бидеме само слуги на оние со кои Тој се поистоветува.
 
Така, на пример, да не се лажеме со некакво христијанство ако ние дома седиме на топло и имаме сn4; што сакаме да јадеме, додека некој се смрзнува и гладува, и одвај преживува, а ние со прст не мрднуваме за да му помогнеме.
Тоа е антихристијанство!“
 
(Дедо Наум)



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани