Симовски: Пет години затвор за секој што ќе одбие да се попише
  Објавено на
share

 

Симовски: Пет години затвор за секој што ќе одбие да се попише

Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава - рече директорот на Државниот завод за статистика.

Во синоќешното гостување во емисијата „Вин-Вин“ на Телма, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, истакна дека оној кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е предвидена казна од 5 години затвор.

– Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон, ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава. Ние не сме казнена институција, меѓутоа ќе поднесеме до Обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство – нагласи Симовски, пренесе Денешен.

– Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава – рече Симовски.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани