Али Ахмети: Албанците на пописот не може да бидат помалку од 25 проценти
  Објавено на
share

Али Ахмети: Албанците на пописот не може да бидат помалку од 25 проценти

Сите кои живеат во земјава и имаат имот ќе бидат попишани, рече Али Ахмети во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.

Лидерот на ДУИ уверува дека институциите ќе си ја вршат нивната работа, па така сите кои живеат во земјава и надвор од неа ќе бидат опфатени со пописот. Ахмети зборувајќи на темата појасни и како се попишува дијаспората.

– Во врска со пописот имаше дебати, вклучително и јавни дебати. Тоа е статистичко прашање, а не политичко претпријатие, а таа операција мора да се заврши. Тоа од нас го бараат и релевантни меѓународни институции како ООН и од ЕУ. Мора да имаме попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за населението во земјата и никој нема да биде исклучок. Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја, рече претседателот на ДУИ.


За очекувањата од резултатите, тој напомена дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година. Бројката ја образложи со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани