Ирански свештеник: Ако се вакцинирате ќе станете хомосексуалци
  Објавено на
share

 

Ирански свештеник: Ако се вакцинирате ќе станете хомосексуалци

Аббас Табризиан, свештеник од Иран на своите следбеници им рекол дека вакцината против коронавирусот „ги претвора луѓето во хомосексуалци“, што во Иран се казнува со смрт.

 

– Не се приближувајте на тие кои се вакцинирани. Ќе станете хомосексуалци – напишал Тибризиан на една социјална мрежа.

59-годишниот Иранец е познат по промовирање на фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така минатата година пред камери го запали неколку медицински прирачници тврдејќи дека исламската медицина ги направила таквите книги ирелевантни.

Официјален Техеран на почетокот на годината забрани увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги како недоверливи, а пред две недели Иран ја доби руската вакцина Спутник.

 

преземено од канал 5




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани