ОД КОЛЕКТОРОТ СЕ ИЗЛЕАЈА ФЕКАЛНИ ВОДИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
  Објавено на
share

 ОД КОЛЕКТОРОТ СЕ ИЗЛЕАЈА ФЕКАЛНИ ВОДИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

 

 

 

По дождовите, пак испливаа на површина фекалиите во Охридското езеро. Надлежните упорно тврдат дека колекторскиот систем функционира а екологистите обратно.

-Беше кажано дека проблемите со колекторот се решени, конкретно овде на тие два пајпаса,кај Даљан и Подмоље и понатака при помали врнежи доаѓа до излевање на колекторскиот систем, значи фекалиите дирекно се излеваат во езеро.Кај нас реагирале граѓани кои што со кајче или со глисери понекогаш влегуваат во трската кај Подмоље и буквално заглавуваат во фекалии, изјави за Алфа Борче Стојаноски од Еколошко друштво „Грашница“.

- Охридсково езеро е голем економски потенцијал и треба да го сочуваме еколошки чисто.Јас не можам да замислам од кога функционира проектот за заштита на Охридско езеро,а да не е решен никој еколошки проблем во сливново подрачје на Охридсково езеро, вели екологистот Лазо Наумоски.

Првиот човек на Ј.П.”Колекторски систем” не чувствувајќи вина, објаснува дека функцијата на колекторскиот систем била прибирање, одведување и третман на фекални води,кои и не биле така многу, но проблемот бил во атмосферските води кои се влевале во колекторот и го оптеретувале.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани