Одложена доставата на вакцини од Србија
  Објавено на
share

 

Одложена доставата на вакцини од Србија

Заради потребата од усогласување на техничка документација се одложува за следните денови доставувањето на вакцините од Србија, се наведува во соопштението од владината прес - служба.
 

Доставата на вакцини од Србија се одложува за следните денови.

– Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре, 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме, се наведува во соопштение од Владата до медиумите.

Антиковид-вакцините на „Фајзер" кои ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава ќе бидат првите 8000 со кои и кај нас ќе почне имунизацијата.

Во текот на следните денови се очекува и испорака на нови 200 илјади дози на вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани