Петар Богојески обезбедил вакцини за Македонија: Ја повикува Владата да ги достави сите потребни информации
Објавено на
Петар Богојески обезбедил вакцини за Македонија: Ја повикува Владата да ги достави сите потребни информации
Фејсбук статус на Петар Богојески
Обезбедени вакцини за Македонија! Должност на секој од нас е да помогне на татковината кога и е најтешко!
Мачнина ми паѓа кога гледам на каков срам и измачување, потсмев и омаловажување е изложен нашиот народ! Затоа се вложив себе си и своите пријатели од меѓународната заедница, да помогнеме и да обезбедиме вакцини за нашите граѓани.
Вакцините се обезбедени!!! Во моментов додека го пишувам овој статус, на располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден, откако нашата Влада ќе направи нарачка!
Моето е сторено! Вакцините се најдени и обезбедени!
Сега на потег е Владата. Ќе и бидат ставени на располагање сите потребни информации… да ги донесеме вакцините и да започнеме со најмасовната вакцинација од сите земји во светот и да дојдеме на прво место! Сега не е време за плукање и обвинување, туку секој од нас да помогне колку може! Да си го спасиме народот од болеста! После можеме да се плукаме колку сакаме!
КОМЕНТАРИ