Камчев на 1ТВ уплатил рекет од 300.000 евра
  Објавено на
share

 

Камчев на 1ТВ уплатил рекет од 300.000 евра

 

На денешното сведочење за случајот ,,Меѓународен сојуз’’ Камчев бараше да биде изземен како сведок бидејќи надвор од сите законски одредби, со грубо кршење на законот и вршење директна тортура врз него му е изречен притвор со што се создадени вештачки притисоци и со тоа тој не може да биде кредибилен како сведок пред Обвинителството.

Откако Обвинителството и судот не го прифатија истото, во сведочењето тој и на одговорите на Обвинителството и на одбраната јасно им посочи дека „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“ се едно исто, односно се работи за ист случај кој започнал пред предметот „Империја“ и чија жртва директно и сè уште е тој.

Тој вели дека прв пат во есента 2018 му биле понудени двата конкретни проекти од страна на Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, a кои тој ги одбил поради нивна економска неоправданост и посочи дека воопшто немал контакт со „Меѓународен сојуз“.

За „Меѓународен сојуз“ имал само некои информации кои ги добил единствено од телефонски разговори со Оливера Трајковска. Доколку Обвинителството сака потврда дека тоа е се што Јордан Камчев има како сознание за „Меѓународен сојуз“ може да ја искористи примената на пи –мерки од неговиот телефон кој е следен за да се утврди дека тоа е се што тој знае за Меѓународен сојуз.

Јордан Камчев кажа и дека никогаш немал контакт, ниту ги познава Фросина Ременски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ кои се обвинети во „Меѓународен сојуз“.

Обвинетиот Бојан Јовановски, на бизнисменот Јордан Камчев, му нудел да инвестира на локаци во Струга, Охрид за старечки домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 отсто субвенци од државата. Сведокот Камчев, посочи дека на сметка на 1ТВ платил 300 илјади евра, за два договори.

Овие средства Камчев, рече дека ги уплатил како рекет.

– Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра – рече Камчев на денешното сведочење во Кривичниот суд за „Меѓународен сојуз“.

Тој додаде дека од тимот на Бојан, му биле презентирани копи пејст бројки, и истите ги дал за анализа на неговите директори.

– Се фалеше со слики со премиерот пред мене. Велеше дека 20 отсо ќе бидат субвенционирани од труд и социјала. Тоа е Бојан, твојот неуспешен договор и откако те откачив, почна твојата приказна. Вака беше изманипулирана власта на која Бојан се повикуваше цело време. Ти понудив 150.000 евра од „Систина“, 150.000 евра преку „Орка“, тие се платени на твојата телевизија, Јасна Мандиќ може да потврди се. Сето тоа без субвенцијата и без државата укажуваше на загуба – рече Орце Камчев во сведочењето на судското рочиште за предметот „Меѓународен сојуз.

Во однос на улогата на обвинетата Јасна Мандиќ, сведокот Камчев, истакна дека таа била само пошта и дека истата не учествувале во разговорите меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски.

– Во овој случај фалат и лицата Зоран Милевслки, Катица Јанева и нејзиниот син. Првиот не го прифатив бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене – рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот било потпишувано лицето Лазар Јанев.

Тој на денешното судење искажа и неколку пикантерии.

– За „Меѓународен сојуз“ знам само дека бил над англиската амбасада и се вртеа бизнисмени со торби. Бојан успеа да направи цел град мајмуни – рече Камчев.

На прашање на Јовановски, со што се занимава, бизнисменот одговори:

– Започнав со сточарство, потоа и со земјоделие. Отворив и фабрики за текстил, за чевли. Направив и центри за дијализа и какви се не здравствени одделенија. Еве, да не бидам и вулгарен, учествував во преработка на арско ѓубриво, односно измет за да се дојде до енергија. Преработував го*на – кажа Камчев.

Камчев додаде дека на Јовановски неколку пати му биле извршувани контролни прегледи за зараснувањето на раната во неговиот дом.

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани