Крешник Бектеши, министер за економија: Нема да преговараме со Грција, сакаме нашите туристи да останат дома
  Објавено на
share

 

Крешник Бектеши, министер за економија: Нема да преговараме со Грција, сакаме нашите туристи да останат дома

 Крешник Бектеши, министерот за економија, под чија надлежност е туризмот како дејност, денеска рече дека македонската влада нема да преговара билатерално, по примерот на српската, со грчката влада, бидејќи Македонија не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

 - Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот во одговор на новинарско прашање. 

Денеска на состанокот на министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис и Татјана Матиќ, министерката за трговија и туризам на Србија, беше договорено да се прифатат руските и кинеските вакцини за српските туристи, а за децата до 10 години да не биде потребен ПЦР-тест. Исто така, граѓаните на Србија ќе можат да влезат во Грција преку Македонија и Бугарија.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани