Компанијата Pfizer (фајзер) објави колку трае и колку време сте заштитени по примањето на вакцината
  Објавено на
share

 Компанијата Pfizer (фајзер) објави колку трае и колку време сте заштитени по примањето на вакцината

По долго о истражување Фајзер ги објави ажурираните клинички студии во кои учествуваа 44.000 волонтери.

 

Фармацевтската компанија објави дека нивната вакцина против Ковид-19 штити до шест месеци од моментот на имунизација.

Ова се, меѓу другото, податоците што американската компанија Фајзер изедно и германскиот партнер Бајонтек ги објавија во изјавите за ажурирана клиничка студија.

Тие тврдат дека нивната вакцина во 91 отсто од случаите е ефикасна против симптоматските болести и дека ефектот е уште поголем во спречувањето на тешко заболување од Ковид 19.

Осврнувајќи се на ажурирани информации од истражувањето, компаниите потенцира дека нивната вакцина е 100 проценти ефикасна во спречувањето на корона инфекции меѓу учесниците во студијата во Јужна Африка, каде што доминира нов сој вирусот – B1351 иако бројот на учесници во тамошното истражување бил релативно мал – 800 волонтери.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани