Во Британија запленети 150 милиони фунти во криптовалути
  Објавено на
share

 

Во Британија запленети  150 милиони фунти во криптовалути

 

Британската полиција запленила рекордни 294 милиони фунти, или 344 милиони евре во криптовалути, во рамките на истрага за перење пари на криминални групации кои се свртеа кон виртуелните валути.

Лондонската полиција објави во вторникот дека запленила 180 милиони фунти (210 милиони евра), три седмици откако запленила 114 милиони фунти (133 милиони евра) во засега непозната за јавноста критповалута.

British Police Seize and Liquidate Almost 300 Bitcoin in First-of-its-Kind  Case for UK - Toshi Times

„Парите и натаму царуваат во светот на криминалот, но со развојот на дигиталните плаформи се повеќе гледаме дека криминалците ги користат кртиповалутите за да ги исперат своите валкани пари“, изјави шефот на лондонската полиција, Греам Мекналти.

Во рамките на истрагате е уапсена 39-годишна жена, се наведува во штурото соопштение.

Имајќи предвид дека криптовалутите се главно анонимни и по својата природа глобални, некои од најголемите криминални групи во организираниот криминал на светот ги користат за да перат пари и секоаш се чекор пред полицијата и даночните власти.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани