Се продлабочува спорот меѓу Варшава и Брисел во врска со владеењето на правото
  Објавено на
share

 

Се продлабочува спорот меѓу Варшава и Брисел во врска со владеењето на правото

 

Привремените мерки кои највисокиот суд на Европската унија го изрече за полскиот правосуден систем се спротивни на полскиот устав, објави во средата полскиот Уставен суд и ги зајакна тензиите меѓу Варшава и Бриселот во врска со владеењето на правото.

Ова е една од двете пресуди коишто Уставниот суд во Варшава ќе го донесе оваа седмица, а за кои во Брисел се оценува дека го доведува во прашање првенството на правото на Европската унија над националните права на земјите членки.

„Со најдобарата волја за толкување на уставот, во него е невозможно да е пронајдат овластувања на Судот на ЕУ да ги суспендира полските закони коишто е однесуваат на системот на полските судови“, изјави Бартоломиеј Сохански,

Денешната пресуда во Варшава е резултат е на постапката којашто Брисел ја покрена против Полска, во рамките на кои Судот на Европската унија (CJEU) минатата година o7; порача на Варшава да го суспендира Советот за кој смета дека е основан за дизциплинирање на судовите. Дисциплинскиот совет на на Врховниот суд побара оцена на уставноста на оваа суспензија.

Полската владејачка партија Право и справедливост (PiS) ги обвинува бирократите во водечките тела на ЕУ дека се мешаат во полското национално право да носи сопствени закони со оспорување на правосудните реформи за кои во Варшава велат дека се потребни за судовите да бидат поефикасни и да се отстранат остатоците од комунистичкото влијание, бидејќи повеќето судии се во повозрасни години и се на позициите од претходниот еднопартиски период.

„За среќа, уставот и нормалноста го победија обидот (…) за мешање во внатрешните прашања на држава членка, во овој случај Полска“, изјави полскиот министер за правосудство Збигњев Зиобро на пред-конференцијата во Варшава.

Опозициските центристички партии и невладините организации за човекови права тврдат дека со овие реформи се настојува дека ќе се зголеми политичката контрола над судовите и дека проблематизирањето на првенството на правото на ЕУ над националното дури би можело да резултира со излегување на Полска од Унијата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани