НЛО ПОСТОИ - „ДОЈДЕ ОД НЕБОТО“ САД го објавија мошне очекуваниот извештај за НЛО
  Објавено на
share

 „ДОЈДЕ ОД НЕБОТО“

 САД го објавија мошне очекуваниот извештај за НЛО

 
Извештајот вели дека разузнавачки извори не сметаат дека зад НЛО-ата стојат вонземјани, но е нејасно за што се работи.
 
 
Фото: ЕПА
 
 
 
 

Мистеријата за НЛО-а видени на американското небо веројатно ќе продолжи и по објавувањето на мошне очекуваниот извештај за НЛО на американската влада.

Извештајот објавен попладнево јасно стави до знаење дека иако американските разузнавачки служби не веруваат дека вонземјани стојат зад НЛО-ата (или како што научниците претпочитаат да ги нарекуваат, неидентификувани воздушни феномени, УАП) што биле забележани од пилотите на морнарицата, тие не можат да објаснат кои се летачките објекти.

Извештајот потврдува дека набљудуваните феномени не се дел од никакви воени операции на САД.

Пентагон за извештајот проучувал над 140 инциденти пријавени од пилотите на морнарицата на НЛО видени во последните две децении, од кои повеќето биле видени во текот на летото 2014 година до пролетта 2015 година.

Објавувањето на извештајот означи крај на шестмесечно чекање, откако група избрани функционери успеаја да го вклучат Законот за разузнавачко овластување за фискалната 2021 година во законот за помош за коронавирусот вреден 2,3 милијарди американски долари, потпишан од Доналд Трамп во декември минатата година.

Законот им наложи на владините агенции да обезбедат декласифицирана „детална анализа на разузнавачки податоци за неидентификуваните воздушни феномени“ и „детален опис на меѓуагенцискиот процес“ за пријавување на НЛО.

Дискусијата за НЛО - на ниво на влада или надвор од неа – со децении беше стигматизирана. Додека некои ги користеа УАП-материјалите како храна за теории за животот на вонземјаните, официјалните лица посочуваа на можната закана УАП-ите да се од противник што користи технологија непозната за САД.

„Во оваа земја имавме инциденти каде што овие УАП-и се вмешуваа и всушност ги исклучуваа нашите нуклеарни капацитети“, изјави за Вашингтон пост Луис Елизондо, поранешен директор на Напредната програма за идентификација на заканите за воздушниот простор. Елизондо поднесе оставка во 2017 година, од фрустрација што УАП-ите не беа сфатени доволно сериозно од одбранбените лидери.

„Исто така, имаме податоци што сугерираат дека и во други земји овие работи се вмешувале во нивната нуклеарна технологија и, всушност, ги вклучиле, ги ставиле онлајн“.

Во последниве години, објавувањето владини видеа што покажуваат необјаснети летачки објекти дадоа поцврсти докази дека постои нешто, вонземско или не.

Иако на американската влада o7; беше наредено да го објави недоверливиот извештај, експертите предупредуваат дека доверливиот анекс, кој јавноста нема да го види, содржи некои од најсочните детали.

Снимките од две видувања во 2015 година и трето во 2004 година направени за време на тренинг-летови станаа вирални на интернет откако излегоа во јавноста. Пентагон на крај ја потврди автентичноста на снимката и ги објави за јавноста во 2020 година.

 

На едно од видеата е прикажан објект што личи на летачки. „Погледни ја таа работа!“ може да се чуе како зачудено вели еден од пилотите.

Овој април на интернет протекоа повеќе фотографии и видеа направени од персоналот на американската морнарица, на кои се гледа како објекти во форма на триаголник зујат на небото. Во мај протечените воени снимки покажаа овален летачки објект во близина на бродот на американската морнарица покрај Сан Диего, очигледно жариште за УАП.

Во последните две години се интензивираше моментумот за истражување на НЛО, а пратеници како републиканскиот сенатор Марко Рубио од Флорида притискаа за сериозно испитување на објектите што ги гледале пилотите.

Во соопштение објавено во петокот по објавувањето на извештајот, Рубио го пофали, но истакна дека тоа е „само прв чекор“.

„Со години, мажите и жените на кои им веруваме дека ја бранат својата земја, пријавуваа средби со неидентификувани летала што имаат супериорни можности и со години нивната загриженост честопати се игнорираше и исмеваше“, рече Рубио. „Министерството за одбрана и разузнавачката заедница имаат многу работа да исполнат пред да можеме навистина да разбереме дали овие воздушни закани претставуваат сериозна загриженост за националната безбедност“.

Во август, Министерството за одбрана ја воскресна својата гранка за истражување на УАП со работна група наменета да ги „открие, анализира и каталогизира УАП-ите што потенцијално можат да претставуваат закана за националната безбедност на САД“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани