Од утре на сила новите мерки со кои на невакцинираните граѓани им се забранува влез во кафеани и на настани
  Објавено на
share

 

Од утре на сила новите мерки со кои на невакцинираните граѓани им се забранува влез во кафеани и на настани


 

Од утре, 16 август на сила стапуваат новите рестриктивни мерки според кои во угостителските објекти и на настани ќе може да влезат вакцинираните граѓани, а според дополнувањето и оние кои прележале Ковид -19 во изминатите 45 дена.

Тоа значи дека се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза. Ќе има редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители. Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид–19.

Комисијата за заразни болести со препорака да останат рестрикциите -  Коректор

Како што објави вчера МЗ, во претходното деноноќие од направени 9.270 тестирања, регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19, од компликации од вирусот починале десет пациенти, а 104 оздравеле.

Со оглед на наглиот раст на бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 во следните недели, според министерот за здравство Венко Филипче, ситуацијата може да биде критична, но здравствениот систем е подготвен за новиот бран.

Според официјалните податоци, од вкупно 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3.047 се невакцинирани, односно само десет проценти од вакцинираните се позитивни.

Намалувањето на рестриктивните мерки ги охрабри угостителите - Канал 5

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани