Орце Камчев ја зaмoлкна cyдницата: Ова е одмaзда поради случајот „Peкет“ – од оваа cyдница ќе излезам со чист обpaз, тоа му го должам на мојот пoкoен татко и моите деца
  Објавено на
share

 Орце Камчев ја зaмoлкна cyдницата: Ова е одмaзда поради случајот „Peкет“ – од оваа cyдница ќе излезам со чист обpaз, тоа му го должам на мојот пoкoен татко и моите деца

Орце Камчев и покрај здравствените проблеми веќе шест месеци е во притвор поради службена белешка од две страници во која нема никакви докази за наводите на обвинителството дека бизнисменот се подготвувал за бегство.

Шест месеци подоцна се одржа првото рочиште за предметот „Плацеви на Водно“ на кое Камчев денес ги замолкна присутните во судницата со својата изјава дека конструираните обвиненија и притворот кој го доби се единствено поради пријавувањето на случајот „Рекет“ после кој пропадна инфамозното СЈО, а Катица Јанева заврши во затвор.

-Уште еден доказ дека војната која ja води дотичната обвинтелка против мене е поради рекет и тоа е јасно, сега со позасилено темпо. Сега со две страници јас се држам во притвор шест месеци, истакна Камчев.

Бизнисменот обвинува дека обвинителството воопшто ги нема земено во предвид доказите на одбраната, посочувајќи дека не е направено ниту финансиско вештачење.

-Дрско се лаже во обвинителниот акт и се манипулира дури и покрај доставените докази до ОЈО кои не се воопшто земени во предвид. Веројатно ова е единствено рочиште во светот, во кое за перење на пари се влкучени бивш премиер, бивш директор на служба, бизнисмени, а вие имате поднесено обвинителен акт во кој нема финансиско вештачење, потенцираше тој.

За Камчев предметот „Плацеви на Водно“ служи како ПР со цел да се оцрнат луѓето обвинети во предметот без никакви докази како што тоа го гледавме при работењето на СЈО.

Најважно во овој случај е да се излезе пред камерите да се каже дека некој крадел, крив е и сличо. Осудени сме уште пред да влеземе во судница, додаде тој.

Камчев истакна дека се прикрива фирма која купила дел од плацевите на Водно.

-На плацевите на Водно, Орка Холдинг имаше направено физибилити студија за изградба на болнички капацитет но поради инфраструктурни проблеми и поради пречки од општината проектот пропадна по што за профит беа продадени плацовите.Се прикрива и фирма која купи дел од плацевите, не се спомнува не знам зошто. Веројатно причината ја знае само обвинителката, а во текот на постапката ќе дознае и целата јавност, вели тој.

Тој потенцираше дека од судот ќе излезе со чист образ бидејќи никогаш во животот не сторил никаков криминал.

 

-Од овој суд ке излезам со чист образ, затоа што тоа му го должам на мојот покоен татко, на моите деца и на мојата фамилија. Да докажам дека не сум криминалец, туку човек кој 32 години работи, вработува 3000 луѓе и плаќа 20 милиони евра даноци на оваа земја. Ке докажам дека ова е само конструкција на ова монструозно обвинителство, вели Камчев.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани