Обраќањето на г-дин Јордан Камчев на денешното рочиште за случајот ,,Плацевите на Водно''
  Објавено на
share

Обраќањето на г-дин Јордан Камчев на денешното рочиште за случајот ,,Плацевите на Водно''

,,Почитуван судија, почитуван судски совет,

Најпрво сакам да се обратам до јавноста во врска за овој монтиран  обвинителен акт, кој поточно се води против мене и мојата мајка. Самиот факт дека е направен груб  фалсификат од страна на  обвинителот  и манипулација кон судиите што го оценувале обвинителниот акт е уште еден доказ дека војната што обвинителството т.е. дотичната обвинителка ја води против мене заради предметот ,,Рекет’’ добро познат на јавноста,  но сега со  уште пожестоко темпо  со обвинение на една страница и две реченици за кое шест месеци сум во притвор. За обвинение во кое што дејството кое ми се препишува мене и мојата мајка е изведено после изјавата на првоoбвинетиот во случајов Никола Груевски и тоа цели четири месеци. Овој обвинителен  акт е толку конфузен и спакуван што би се засрамил  и студент на Правниот факултет да го прочита во дејствијата во вториот дел кои се однесуваат за фирмата ,,Орка Холдинг’’ за мене и за мојата мајка. Во самиот акт ниту има време, ниту има место како тоа ние сме помогнале во наводното перење пари. Во актот имате  два збора, предлог и пример.

Како тоа почитуван Судија и Судски совет можете да пренесете и  примите нешто што сте го платиле милион и 535 илјади евра, званични пари од сметката на ,,Орка Холдинг’’ во Скопје.  Толку дрско се лаже во обвинителниот акт и се манипулира  со тоа што иако беа  доставени докази во месец јануари до Обвинителството за организиран криминал дека уделите се комплетно платени, се продолжува со измислувањето дека е фиктивно пренесен уделот на компанијата ,,Сирах’’  на лицето Ирена Самсоненко без да се платат парите. 

Доставените докази во Обвинителството воопшто не се земени во предвид, а се работи за уплата од милион и 800 илјади евра и добивка на компанијата ,,Орка Холдинг’’ од околу 350 илјади евра, за во Обвинителниот акт тоа да не се спомне туку да се напише дека се фиктивно пренесени удели. Фиктивно не  може да се пренесат удели кои што се платени, пари за коишто е платен данок на добивка, којшто е платен вредност на имот и којшто е платен ДДВ. Фиктивно значи дека се префрлени без да се платат.

Истите докази беа доставени до обвинителството, никогаш не беа земени во предвид.

Имам уште едно прашање т.е констатација којашто ќе ја утврдиме во постапката. Како тоа почитуваната обвинителка не ги зема во предвид двете продажби на земјиштето на ,,Сирах’’? Зошто едниот правен субјект воопшто не се третира во ова прашање, а само се третира лицето Ирена Самсоненко?

Веројатно, обвинителката многу добро тоа го знае од нејзини и други причини и за тоа ќе дискутираме во текот на процесот и обвинението што го има поднесено со доказ. 

Сознанија во „притвор“, шпекулации на слобода | Северна Македонија | DW |  15.03.2021

Во 21 век веројатно ова е единственото рочиште во светот каде што за обвинение за перење пари во кое сум вклучен, бивш премиер на држава, бивш шеф на служба, бизнисмени и во кое јавноста целокупно е вклучена во процес и предмет вие имате поднесен обвинителен акт без финансиско вештачење за перење пари. Па тоа не може да се случи во ниту една нормална држава! Ние со мојата одбрана спремивме финансиско вештачење, како што доликува и го доставивме до Судот. И со дополнение ќе добиете уште едно финансиско вештачење. Затоа што перење пари, првата работа основна е финансиско вештачење, јас сум економист и тоа многу добро го знам, ниту вие како судија ќе можете да оцените доколку немате такво вештачење во однос на тоа да видите како се одвивала трансакцијата на парите. Затоа што оваа измислена приказна на обвинителката со илјадници грешки во неа, и тоа сериозни грешки, кои ќе ги доставиме потоа со докази во постапката, со пермутации на износи, со пермутации на зборови за да добие впечаток јавноста, затоа што најбитно е кога ќе излезете надвор да се сликате пред камерите и да кажете дека тој е во притвор, дека направил тоа и дека украл толку и слично. Не е битна суштината на делото на измислената приказна, тука е битно дека сте осудени со самото тоа што сте во влезени во притвор и што е покренат обвинителен акт.

Никој не ги гледа доказите, затоа ќе се потрудиме како што кажа и адвокатот Ристевски да искочиме од овде со чист образ и да и докажеме и на вас и на јавноста дека сето ова што ќе ви го доставиме како докази понатаму, дека е вистина а не измислено дело од страна на обвинителство. 

Дали било фиктивно или не фиктивно за мојата компанија ,,Орка Холдинг’’ не може да збори така обвинителката, бидејќи плацот е купен со намена, за ,,Систина’’ да изгради дом за стари лица бидејќи локацијата беше перфектна. Блиску до државна болница, во шума, идеална за тоа места. За истата има направена физибилити студија, има комплетна проектна документација, но заради инфраструктурните проблеми со општината кои потоа со сведоците кои ќе дојдат и ќе ги покажат и докажат не се остварил одобрениот проект. 

Уште една работа што обвинителството  си ја зима туку-така. Воопшто не се почитува Законот за трговски друштва во овој предмет. Според Законот за трговски друштва се знае што е акционерско друштво и како тоа се управува и се знае што се трговски друштва. Кои се органите на управување и кои одлуки ги носи кој орган на управување. Овдека тоа воопшто не е земено во предвид. Исто така во доказниот материјал ќе биде доставено до судот  комплетниот статут и комплетната поставеност на ,,Орка Холдинг’’. Исто така се тврди дека се имитирал негов потпис без да се достави никакво вештачење

Значи приказната си тера од почеток до крај на страница и пол, без ниту еден доказ и замислете без ниту еден сведок што обвинителството ги предлага, ниту мене, ниту мојата мајка не не спомнува во делото. Ниту еден материјален доказ не е доставен до судот, ниту за мене ниту за мојата мајка. Ниту еден сведок, ниту еден материјален доказ... се е конструкција напишaна на страница и пол. Али пазете, се штити фирма којашто купила тука имот од познати причини веројатно само на обвинителката, а тоа ќе го дознае јавноста, зашто се прави.

Сите овие мои наоди ние ќе ги докажеме со докази на судот преку сведоци, затоа што јас, ќе докажам дека јас, Јордан Камчев и мојата мајка Ратка Куноска Камчева на 77 години возраст, досега нема сторено ниту едно кривично дело, во оваа постапка ќе останеме чисти заради тоа што не сме го сторило ова измислено кривично дело познато само зашто се поднесува само од страна на обвинителството.

За крај, тоа  го должам и на мојот покоен татко кој после 42 години ја остави оваа фирма, како и на моите деца за да докажам дека не сум криминалец туку сум човек кој во оваа држава создава, и вработува 3000 луѓе, плаќа дваесетина милиони евра даноци и лежи 6 месеци во притвор заради измислено обвинение од страна на монструозното обвинителство на Р. Македонија.

Ви благодарам.’’




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани