Велосипедот и велосипедистите се виновни за бавната смрт на планетата! (?)
  Објавено на
share

 

Велосипедот и велосипедистите се виновни за бавната смрт на планетата! (?)

 

May be an image of 2 people, people standing, bicycle and road

Економистот вели - Велосипедизмот е катастрофа за државната економија, особено за банките, бидеејќи они не земаат кредити за да купуваат коли по секоја цена, ниту позајмуваат и се задолжуваат.

Не плаќаат дополнителни давачки за осигурување на возило, не трошат гориво ниту плаќаат осигурување за возилата и зелени картони.

Немаат редовни, задолжителни скапи сервиси на своите возила, не плаќаат редовно делови за возилата на кои се трошат огромни суми.

Не плаќаат градски паркинг особено оние во најцентралните зони каде е и најскап.

За нив не треба специјални автопати со многу ленти кои чинат милиони за километар туку им е доволна лента од едно метро.

Поради добрата физичка форма ретко одат на лекар, ретко купуваат лекарства и ја упоропастуваат фармацевтската индустрија.

Најчесто конзумираат  вода и здрава храна и малку трошат по маркети за лоша храна со што прехрамбената индустрија страда.

Они ретко трошат пари за непотребни работи. 

За здрава економија на земјата, државата и планетата и се потребни ресторани за брза храна. Еден ресторан Мекдоналдс продуцира работа не само за месна индустрија и работници, туку и приходи за десетици кардиолози, гастроентерохепатолози, онколози, огромен број на медицински персонал, високи профити за аптеките, фармацијата. Редовен посетител на Мекдоналдс ретко оди пеш или со велосипед, туку со автомобил - драјв тру - на голема радост на производителите на инсулин поради развој на епидемија на дијабет. 

Велосипедистите, навистина се зло за економијата на планетата.

Сега, размислете добро - на велоспипед или во ресторан за брза храна, во маркет по рафинирана, високо масна, шеќердисана храна?

Внимателно размислете и одберете за општо добро. 

Ние одбравме да бидеме контра, здрави ем во форма, не дека ни успева, но барем се трудиме!

 Pinterest



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани