Мистериозен сигнал од вселената се повторува, научниците збунети
  Објавено на
share

 Малку да ја ремиксуваме веста.

прво - сигналот е откриен во 2018 и едвај е фатен , секако се повторува до ден денес но и натаму тешко се "лови"

второ - Уловен е со помош на Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment кој во суштина е интерферометриски радио-телескоп во Бритиш Колумбиа. Ова е значајно да се нагласи заради напредната технологија. (детали - на википедија)

 

Radio waves from famous FRB surprisingly long and late | Space | EarthSky

Мистериозен сигнал од вселената се повторува, научниците збунети

По најновите набљудувања со радиотелескопи, астрономите го отфрлиле главното објаснување за мистериозниот сигнал од вселената што се повторува во редовни интервали.

Famous fast radio burst FRB20180916B just barely lets itself be captured -  ASTRON

 

Брзите радио -рафали (FRB, fast radio bursts) се една од најфасцинантните мистерии во космосот. Тие се исклучително моќни, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони Сонца и траат помалку од трепкање на окото.

Една од најважните карактеристики на овие сигнали е дека тие се краткотрајни и непредвидливи. Тие обично се појавуваат одеднаш на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди. Повторувачките FRB, односно кога тоа не е само еден интервал, туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците.

Но, уште пофасцинантен феномен од повторувачките FRB се оние што се повторуваат во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци, како да се усогласени со некој невидлив вселенски часовник.

"Очекувавме силни ѕвездени ветрови што го придружуваат изворот ФРБ да емитуваат претежно сина, кратка бранова радио светлина. Црвените радио бранови со долги бранови должини требаше да бидат повеќе или целосно блокирани", вели астрофизичарката Инес Пастор-Маразуела од Универзитетот во Амстердам, Холандија.

"Постојните модели на бинарни ветрови предвидуваа дека пукањата ќе бидат само или претежно во сина боја. Но, видовме сини рафали два дена, а потоа три дена со повеќе црвени радио -рафали. Тоа го исклучи објаснувањето на оригиналниот модел - мора да биде нешто друго“, додаде таа.

Научниците минатата година откриле голема индиција за тоа што може да предизвика FRB. Откриле дека еден од нив бил предизвикан од магнетар, тип неутронска sвезда со исклучително силно магнетно поле, пишува Science Alert.

Но, тоа не значи дека оваа мистерија е целосно разрешена. На пример, не се знае зошто некои FRB се повторуваат, а други не. Исто така, не е јасно зошто FRB кои се повторуваат во редовни интервали се толку ретка појава.

Ако бинарниот систем е исклучен како причина за FRB 20180916B, тогаш што ја предизвикува неговата периодичност?

Според едно објаснување, може да биде предизвикано од објект како ротирачки магнетар или пулсар. Но, експертите сметаат дека ова не е најдоброто решение, бидејќи тие обично не ротираат толку бавно. Со оглед дека научниците го напуштиле бинарниот систем како причина, сега таа опција е повторно на маса.

„Реткиот бавен ротирачки магнетар сега е најдобро објаснување за она што го откривме“, рече Пастор-Маразуела.

Студија наречена Chromatic periodic activity down to 120 megahertz in a fast radio burst е објавена во списанието „ Nature“.

Zoomed-in images at the position of FRB 180916.J0158+65 Gemini data at... |  Download Scientific Diagram

Full field of view of the Gemini r′ filter The position of FRB... |  Download Scientific Diagram

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани