„Излезете, попишете се. Не бидете пасивни, за да не можат да не попишат според своите желби како малцинство од 20 проценти кога целиот свет и ЦИА знаат дека нас, Албанците, не има повеќе од 40 отсто во Македонија“ – ова е повикот, кој Движењето ‘Илирида’ го упати до сите Албанци во Македонија и во дијаспората, за да се попишат.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација под наслов „Движење ‘Илирида’: Попишете се, за да не не прикажат како 20 проценти, туку да бидеме 40 проценти“.

ИНА го пренесува апелот на „Илирида“: „Исто така, и еден извештај на ЦИА покажал дека Албанците во Македонија се повеќе од 40 проценти во структурата на населението, но, тенденциите на државните авторитети се да се утврди бројката од 20 отсто. Затоа, ‘Илирида’ бара дијаспората да продолжи да се попишува, но и жителите – Албанци во Македонија да бидат подготвени да ја извршат нивната обврска.“

Извор: 
https://ina-online.net/levizja-ilirida-regjistrohuni-mos-na-nxjerrin-20-te-behemi-40/