ЈАН ФИГЕЛ УТРЕ ПАК ВО СКОПЈЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „КАМЧЕВ“ Словакот е дојден да помогне, како што неговата земја и помага на Македонија
  Објавено на
share

 ЈАН ФИГЕЛ УТРЕ ПАК ВО СКОПЈЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „КАМЧЕВ“ Словакот е дојден да помогне, како што неговата земја и помага на Македонија

 

Поранешниот комесар Јан Фигел овој пат ќе има средби со повеќе официјални лица, а со премиерот Зоран Заев ќе се сретне при неговата трета посета на Македонија.

 
 

Упорниот Јан Фигел, поранешен еврокомесар и специјален пратеник за верски слободи и човекови права, утре, 5 октомври, повторно ќе престојува во Скопје, во уште еден обид да добие нови информации за случајот на притвореникот Јордан Камчев. Како што е познато, на 29 септември, по скандалозното одбивање на затворските власти да му дозволат на Фигел да се сретне со Камчев во КПУ Скопје, тој сепак успеа во својата намера и го посети притвореникот.

Обидувајќи се да го оправда однесувањето на затворските власти и неснаоѓањето на Судот, во две интервјуа по избегнатиот скандал, министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека одговорните се обиделе да „истражат“ дали Фигел има некаква актуелна функција во моментов и со каков капацитет дошол во Македонија. Објаснувањето е смешно, бидејќи Словакот пред македонските власти се легитимирал според сите стандарди и ја објаснил целта на својата прва посета.

Кој е, всушност, Јан Фигел?

Но ете, веројатно утре или задутре, Маричиќ ќе може и лично да го запознае Фигел и самиот да се увери дека тој е словачки политичар, поранешен еврокомесар и специјален пратеник за промоција на верските слободи надвор од ЕУ, поранешен заменик-претседател на Националниот совет на Република Словачка, прв заменик министер на Владата на Словачка, министер за транспорт, градежништво и регионален развој, основач и претседател на Христијанското демократско движење, Член на Европската комисија, претседател на делегацијата на набљудувачи на Националниот совет на Република Словачка во Европскиот парламент, како и државен секретар и главен преговарач на Словачка во преговорите за пристапување кон ЕУ.

Можеби во фајлот што ќе го добијат македонските официјални лица што ќе се сретнат со Фигел ќе го пишува и тоа дека Македонија со години добива силна поддршка од Словачка за евроинтеграциите и дека Словачка е една од земјите кои јавно ја критикуваа ЕУ за односот кон нашата земја, велејќи дека таа повеќе од 15 години е жртва на двосмисленоста на Брисел. Исто така, Словачка е и една од земјите која ги блокираше заклучоците за проширување на Западен Балкан во Советот на ЕУ, бидејќи не се согласува со текстот во нацртот кој се однесува на Северна Македонија и смета дека содржи елементи и перцепција за фалсификување на историјата.

Можеби пред да се сретнат со Јан Фигел, министерот Маричиќ и другите официјални лица од Македонија треба да знаат дека во 2004 година, како еврокомесар од Словачка, токму тој остро ги критикуваше ограничувањата на Унијата кои важат за граѓаните од земјите кои треба да се приклучат кон ЕУ. Инаку, Словакот и професионално и лично е многу близок пријател со својот поранешен колега, актуелниот комесар за проширување на ЕУ, Оливер Верхаји.

За сите кои наивно сметаат дека Јан Фигел е обичен човек во потрага по „приватна забава“ за да си ги пополни пензионерските денови, еден поучен податок: само во периодот 2016-2019 година, тој ги посетил Ирак, Јордан, Судан, Сенегал, Пакистан, Нигерија, Либан, Буркина Фасо, Малезија, Египет, Индија, Израел, Палестина, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин и се сретнувал со важни претставници на тамошните власти – министри, високи функционери на министерствата, принцови, амбасадори, важни верски претставници, комесари итн. Со нив дискутирал и преговарал, а главна тема на неговите разговори секогаш било почитувањето на човековите права во овие држави и развивањето и почитувањето на верските права и слободи. На оваа тема учествувал и на многубројни конференции за истите теми. Патем речено, бил директно инволвиран во посредување во случаи со политички затвореници во Иран, Куба, Судан и во Пакистан.

Што бара Словакот во Македонија?

Македонските власти веројатно веќе знаат кој е Јан Фигел. По првичното неснаоѓање и отпорот кон него, се претпоставува дека краток бриф за бекграундот на овој искусен и влијателен политичар добиле и од неговиот пријател Вархеји, кој по игра на случајот, на 29 септември, кога беше избегнат скандалот, дојде во посета во Скопје, откако буквално пред да се качи во авион се слушнал и со Фигел.

Словакот веќе остварил комуникација и со премиерот Зоран Заев и побарал средба со него, до која најверојатно ќе дојде малку подоцна. Имено, премиерот Заев, во разговорот, го информирал поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за верски слободи и човекови права дека поради Самитот на ЕУ за Западен Балкан, кој се одржува на 6 октомври во Словенија, ќе биде службено отсутен од земјата и затоа нема да биде во можност овој пат со него да оствари средба. Начелно е договорена средба помеѓу Заев и Фигел при третата посета на Словакот на Македонија, до која ќе дојде набрзо.

Колку официјално толку и неофицијално, на сопствена иницијатива или по барање на засегнатите страни, Европа веќе се инволвира во контроверзните судски случаи во Македонија и ги испитува постапките за кои има сомневања дека се политички мотивирани и дека со нив се кршат човекови права. Прифаќајќи ја жалбата на поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков, на пример, за притворот во 2018-2019 година, Европскиот суд за човекови права ја оспори службената белешка на Агенцијата за национална безбедност како основ за притворање. Како што е познато, Јордан Камчев пред околу 6 месеци беше притворен токму врз основа на крајно спорна белешка на АНБ, непоткрепена со никакви материјални докази.

Дополнително, по поплаките дека условите во затворот во кои првично беше чуван притвореникот Камчев се супстандардни дури и за македонски прилики и дека врз него се врши тортура, увид изврши Народниот правобранител и повеќе или помалку ја потврди фактичката ситуација. Најавено дека Фигел и со него ќе се сретне, а веќе ја има на увид скандалозната службена белешка на АНБ. Исто така, Словакот веројатно ќе постави неколку сериозни прашања за влошената здравствена состојба на притвореникот Камчев, за што постои обемна медицинска документација од неколку релевантни извори.

Ароганцијата е лош сојузник

Македонија веќе е предмет на критика на своите западни сојузници за начинот на кој во земјата се „опслужува“ правдата, за долгите истраги кои ги преминуваат сите рокови, за спорните притвори, за лошите услови во казнено-поправните институции и за третманот на осомничените и обвинетите лица, на кои често им се ускратува правото на одбрана и правото на фер судење. Камчев, се разбира, не е првиот, а веројатно нема да биде ни последниот притвореник што се с




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани