Полска ја бранува ЕУ- Сасоли побара итна реакција од ЕК за одлуката на полскиот Уставен суд
  Објавено на
share

 Полска ја бранува ЕУ- Сасоли побара итна реакција од ЕК за одлуката на полскиот Уставен суд

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, преку Твитер побара последици за одлуката на полскиот Уставен суд да не го почитува приматот на ЕУ законите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сасоли на социјалната мрежа напиша “денешната одлука во Полска не смее да остане без последици. Приматот на ЕУ законите мора да биде неспорен. Неговото прекршување значи предизвик за темелните принципи на нашата Унија. Ја повикуваме Европската комисија да ги преземе потребните чекори“.

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс од Луксембург на прес конференција по министерскиот Совет за правда на ЕУ изјави дека е рано да се каже како ќе одговори на оваа одлука на полскиот Уставен суд и дека е потребно време да се разгледа одлуката во детали, но призна дека ЕУ поминува низ криза со владеењето на правото.

-Ова ги доведува во прашање принципите врз кои се темели нашата Унија и ова оправдува акција од страна на Комисијата како чувар на повелбите на ЕУ и ќе одговориме на ова однесува кое го доведува во прашање принципот на организирањето на ЕУ, ова е одлука на суд против кој имаме алатки и надлежноста на Европскиот суд на правдата мора да се наметне. Точно е дека живееме тежок период во однос на владеењето на правото во ЕУ, затоа и воведовме низа алатка за владеењето на правото, рече еврокомесарот Рејндерс.

Овие алатки се редовните извештаи на Европската комисија за владеењето на правото во земјите членки на ЕУ и алатка за заштита на финансиските интереси на ЕУ преку условување на фондовите за земјите членки.

-Не е коинциденција што ги зајакнавме овие инструменти, додаде Рејндерс.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани