ОДГОВОРИ НА ПРОВОКАЦИЈАТА Пандев: На Панчев му е мака што Македонија играше на Европско првенство и во бараж за СП
  Објавено на
share

 ОДГОВОРИ НА ПРОВОКАЦИЈАТА

 

Пандев: На Панчев му е мака што Македонија играше на Европско првенство и во бараж за СП

 

Горан Пандев одговори на провокацијата од Дарко Панчев и коментарите дека Македонија загубила и од Андора со популарниот „Гоче" во тимот.

Легендата на Македонија, Дарко Панчев во разговор со „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ ги коментираше случувањата откако „црвено-жолтите“ ја изненадија Италија во баражот за мундијалот во Катар, беа на еден меч до Светско Првенство, но Португалија ни го урна сонот за најголемото натпреварување.

Во своето видување како треба да работи Фудбалската федерација на Македонија во иднина, и да му даде нов долгогодишен договор на Боби Милевски, популарната „кобра“ испрати провокација до Горан Пандев, велејќи дека со него во тимот Македонија изборила историски успех и Европско првенство, но исто така загубила и од Андора.

Горан Пандев сега одговори и за Фокус рече: „Немам што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европско првенство и баражот за мундијалот во Катар“.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани