ГОЛЕМИОТ ДИКТАТОР - статус на Јани Бојаџи
  Објавено на
share

 Ова е кадар од филмот "Големиот диктатор" на Чарли Чаплин. Филмот е снимен во 1939 година а премиерата му е во 1940 година, во самото приквечерие од втората светска војна.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре

Големиот мајстор направил политички филм како одговор на злото кое надоаѓало, секако, со наивна идеа на еден уметник дека со критика кон господарите на војната може да се спречи војната. Во неговата Биографија, кое е едно од најдобрите четива за животот и работата на големите уметници што сум ја прочитал, да немате сомневање, на ранг на мемоарите на Черчил во светот на уметноста, авторот е уплашен од тоа како реагирале медиумите и новинарите наспороти публиката, на денот на премиерата на "Големиот диктатор" во Беверли Хилс (каде што наводно живее либерален свет!) кои го нападнале Чаплин затоа што во филмот тој се потсмева со Хитлер!

Новинарите и медиумите биле на страната на Адолф а не на страната на Чарлс. Не брзајте со заклучоците во врска со војните и нејзините господари. Денес зборат за едните едно а утре друго. Тоа е. Инаку, знаете како заврши Чаплин, нели? Го избркаа од Америка затоа што бил симпатизер, внмимавајте, не член, не активист, туку симпатизер на "Комунистичката партија на Америка", не на Русија, на Америка.

Така е со демократијата, не е дадена еднаш засекогаш. За слободата треба да се бориш, секој ден. Еве еден пасус од мемоарите на Чаплин. „Иако Големиот диктатор беше голем успех и многу популарен кај американската јавност, тој несомнено создаде подмолно непријателство кон мене. Го почувствував тоа за прв пат кога се вратив во Беверли Хилс и го најдов печатот, застрашувачка група од дваесетина луѓе седнати на стаклениот трем и молчат." Чаплин, 1968

 

статус на Јани Бојаџи на ФБ




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани