Илија Димовски - Да го споредуваш Ванчо Михајлов со Тодор Александров, е како да го споредуваш Лазар Колишевски со Методија Андонов Ченто...
  Објавено на
share

Статус на Илија Димовски на ФБ или лекција по историја за црепови

Да го споредуваш Ванчо Михајлов со Тодор Александров, е како да го споредуваш Лазар Колишевски со Методија Андонов Ченто.

Димовски дава десетина аргументи зошто Александров е позитивен лик во македонската историја за разлика од соработникот на нацизмот Михајлов:

 Ванчо Михајлов не е револуционер, тој е конте

 Ги укинува четите на ВМРО, а владее со воведување на атентаторски тројки

 Не оди во планина, на терен, оди по скапи хотели низ Софија

 Не го проширува територијалното владеење на ВМРО, туку го користи она што го наследи одТодор Александров

 Создава непомирливи и катаклизмични поделби и фракции во организацијата и недоверба кон револуционерното дело

 Не создава нови пријатели на организацијата, туку спротивно од Тодор Александров ја внесува во односи со ретроградните сили низ централна Европа

 Нема конфликт со бугарската Влада, напротив, долго време работи во нејзин интерес

 Не создава однос со народот на основа на заедничка борба, туку создава однос како да е државна власт

 Не создава соработници во македонското револуционерно дело, туку важи за нарачател на убиства на многу видни македонски дејци и револуционери: Протугеров, Јовков, Ковачев, Панчо Михајлов, Наум Томалевски,…(подеднакво и од левицата и од десницата). Веројатно и убиството на Тодор Александров... 

Не е човек кој се залага за самобитноста и автономната на македонското дело, туку го потчинува на туѓи интереси и цели

 Нема директен однос со народот на Македонија, туку постојано се шета со близу 70 свои телохранители

 Не помага на народот, туку, покрај туѓите власти и тој собира данок

 Не ја водел организацијата врз база на нејзини одлуки, туку никогаш не одржал Конгрес на ВМРО додека тој управувал со неа

 Не водел револуционерна борба како сите негови претходници, туку водел акции на индивидуален терор и ликвидации

 Соработува со тајните служби на Југославија додека илјадници членови и поддржувачи на организацијата гнијат по нејзините затвори

 Не признава национална самобитност на македонскиот народ, туку го гледа како културолошки и географски дел на еден од соседите Не управува со ВМРО за револуционерни цели, туку како “гангстер, терорист на кои не може да му верува ниту САД, ниту било кој друг, тој управува со ВМРО и МПО единствено за лична корист” (извештај на CIA).




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани