Судот ја одобри екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД Судот во Лондон одобри основачот на Викиликс Џулијан Асанж да биде екстрадиран во САД, а конечната одлука ќе ја донесе британската влада.
  Објавено на
share

 

Судот ја одобри екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД

 

Судот во Лондон одобри основачот на Викиликс Џулијан Асанж да биде екстрадиран во САД, а конечната одлука ќе ја донесе британската влада.

 

Асанж има можност да поднесе жалба на оваа судска одлука.

Имено, британски судија денеска официјално ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД за да се соочи со обвинувањата за шпионажа. За случајот сега ќе одлучува британскиот министер за внатрешни работи, а основачот на Викиликс сè уште има правни можности да поднесе жалба.

Наредбата доаѓа откако Врховниот суд на Обединетото Кралство минатиот месец не му дозволи на Асанж да поднесе жалба на одлуката на понискиот суд дека тој може да биде екстрадиран.

Судијата на Вестминстерскиот суд за прекршоци ја издаде наредбата на кратко рочиште. Министерката за внатрешни работи Прити Пател ќе одлучува дали ќе ја одобри екстрадицијата.

Овој потег не ги исцрпува правните опции за Асанж, кој со години се обидува да избегне судење во Соединетите Држави за обвиненијата поврзани со објавувањето на огромна количина доверливи документи на Викиликс пред повеќе од една деценија.

Неговите адвокати имаат четири недели да поднесат поднесоци до Пател, а можат да се жалат и до Високиот суд.

 

Еве како ја коментираше оваа вест лидерот на Левица, Апасиев на својот ФБ профил

 

(*требаше да избега во Русија, како што направи Сноуден. Барем азилот ќе му беше загарантиран)

Ова е крајот на ерата на т.н. западни вредности.
Не остана ништо вредно во Европа по кое би копнееле. Генерации и генерации ќе треба да се сменат, за повторно да блесне европскиот просветителски дух.
Овој чин е симболичната смрт на англо-саксонската цивилизација, онаква каква што ја знаевме и каква што ја читавме по книгите.
А Асанж ќе прерасне во нова икона за младите антиимперијалисти! Таква е судбата на она што Хегел го нарекува „светскоисториски луѓе“. Мачна и траорна. Тоа е таа дијалектика - Човекот мора да страда, за општеството да стане посреќно.
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани