16-кракото сонце стана знаме на Лозово, „за“ гласаа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, a на предлог на ТМРО
  Објавено на
share

  16-кракото сонце стана знаме на Лозово, „за“ гласаа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, a на предлог на ТМРО

 

Со седум гласа „за“ и два против денеска советниците на Општина Лозово гласаа за тоа 16-кракото жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината. Предлогот беше поднесен од Зоран Иванов, советник на општината од ТМРО.

За предлогот гласаа тројца советници на ВМРО-ДПМНЕ, тројца на СДСМ и советникот Иванов. Против беа советниците ЛДП-ДОМ и независниот, велат од ТМРО.

„Тргнувајќи од историскиот факт дека Република Македонија 1991 е конституирана како матична држава на македонскиот народ, наша должност како Македонци е да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет и обележјата на секаде, вклучително и општините. Очекуваме советниците да го изгласаат македонското 16-крако сонце за знаме на Општината или во спротивно со референдум тоа ќе го направат жителите“, пишуваше во предлогот на ТМРО.

Очекуваме и останатите совети на општините да донесат исти одлуки и македонските општини да го вратат македонскиот национален симбол, вели Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани