Еве колку изнесува надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини или на кратко колку пари ќе добиете ако ве касне
  Објавено на
share

Еве колку изнесува надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини или на кратко колку пари ќе добиете ако ве касне

Советот на Град Скопје, на денешната седница донесе Одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини.

Со оваа Одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики. Вонсудското спогогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите пропратни процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото.

Трошоците за судските постапки, жалбените постапки, одговорите на жалбите, адвокатски услуги во 2020 година го чинеа Град Скопје повеќе од 15 милиони денари, во 2021 година повеќе од 26 милиони денари.

Во 2020 година беа поднесени 480 тужби против Град Скопје, додека во 2021 година се поднесени 589 тужби. Оттука носењето на Одлуката за вонсудско спогодување ќе заштеди многу средства во градскиот буџет.

Согласно со новата Одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња. Комисијата ќе одлучува врз основа на Правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.

Во најголем дел пресуди половина од штетата ја исплаќа град Скопје, додека втората половина ја исплаќа ЈП „Комунална хигиена“, па се верува дека сумата што си ја наплатиле скопјани како обесштетување е двојно поголема.

Висината на отштетните надоместоци, утврдена низ судска постапка, е меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците од нанесените повреди на оштетените.

За каснувањето, граѓанинот може да бара отштета што ЈП „Комунална хигиена” и Градот Скопје солидарно ја делат. Доколку случајот дојде на суд, практиката покажува дека граѓанинот за претрпени физички болки може да добие отштета од 35.000 денари, за претрпен страв 30.000 денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од 20.000 денари и за нагрденост износ од 5.000 денари или вкупен износ од 90.000 денари.

Интересно е како проблемот со кучиња скитници се решава во Турција. Таму бездомните животни се ловат, се стерилизираат, со што се намалува нивото на агресија и повторно се ослободуваат на улица.

За да не ум ираат од глад, се поставуваат специјални автомати, кои им даваат храна на бездомните животни во замена за празни пластични шишиња. Па така кучињата можат да бидат згрижени, а животната средина може да се заштити од загадување.

Во Франција секое куче мора да има тетоважа со податоци или електронски чип, вакцинација против беснило и социјално осигурување. За игнорирање на кое било од овие барања, сопственикот ќе се казни со парична казна од 450 евра. Сопственикот што ќе го остави своето куче на улица или ќе малтретира куче ќе мора да плати парична казна од 30 илјади евра.

Мерките што се преземаат кај нас по сn4; изгледа не се доволни, а тоа се потврдува со фактот што каснувањето од куче скитник станува секојдневна појава.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани