ДИНА СЕСТРИНСТВО - нова ТВ серија од универзумот на ДИНА и филмот кој стана култ уште од првиот ден на прикажувањето - ремек делото на Денис Вилнев
Објавено на
.jpg)
ДИНА СЕСТРИНСТВО - нова ТВ серија од универзумот на ДИНА
и филмот кој стана култ уште од првиот ден на прикажувањето - ремек делото на Денис Вилнев

Legendary објави дека е веќе дефинирано снимањето на серијата Sisterhood која концептуално ја замисли Денис Вилнев, а креатор е сценаристот од филмот ДИНА е Џон Спеитс. Денис сакаше првите неколку епизоди тој да ги сними, сепак поради огромниот притисок за снимањето на ДИНА 2 тоа е невозможно, но сепак останува како главен продуцент.
.gif)
Сепак добра вест е што серијата ќе ја режира Јохан Ренк што е извонреден избор ако се знае дека е повеќекратен добитник на престижни награди, но најважно ги режираше неколку клучни но и култни серии - Breakeng Bad, Walking Dead, Chernobyl.
Серијата е приквел на случувањата во ДИНА, 10.000 години порано, кога се формира сестринството чија цел е преку генетска манипулација на родови врски да дојде до Спасителот на универзумот КВИЗАЦ ХАДЕРАХ но и воспоставувањето на редот на сестринството и неговото влијание врз човештвото.
КОМЕНТАРИ