Шмеман - Воскресение носи огромна одговорност
Објавено на
Шмеман - Воскресение носи огромна одговорност
"На нас кои веруваме и кои му се радуваме на Христовото Воскресение лежи огромна одговорност: на другите да им ја посведочиме верата и радоста за и тие да поверуваат (барем да се заинтересираат), да познаат, да видат, да слушнат и да влезат во таа воскресна победа над смртта, во воскресната радост. Првите христијани својата вера не ја нарекувале вера, или религија, туку Блага Вест (Евангелие), а нивната првенствена задача била ширење на благи вести.
За нив Воскресението не било случка од минатото, туку извор и сила, преобразување на целиот живот. Тоа што го слушале на уво, го објавувале од покривите...дека како личност, како единка не можеме да сведочиме за Благата вест на Воскресението Христово е една од најстрашните и е најдемонска лага во овој современ свет."

КОМЕНТАРИ