Витаминка на најголемиот саем за приватни марки – PLMA Амстердам
  Објавено на
share

СООПШТЕНИЕ

 Витаминка на најголемиот саем за приватни марки –

PLMA Амстердам

 (Прилеп, 03.06.2022) – Витаминка својот производен асортиман деновиве го изложи во Амстердам каде под мотото „Светот на приватните марки“ (World of Private Label) се одржа годишниот саем посветен на производителите во прехранбената индустрија, развивачи на приватни марки како и продажните ланци, PLMA 2022.

 

Со фокус на развивање на приватни марки, на саемот предоминира прехранбената индустрија, свежа и замрзната храна, суви намирници и пијалаци, но исто така и повеќе непрехранбени категории.

 

„Развивањето на приватни марки е новата фаза кон која се движи индустријата за производи за широка потрошувачка, затоа што создава можности за раст и развој на сите чинители вклучени во производството и дистрибуцијата на прехранбени производи. Зголемената популарност на приватната марка во последниве години доведе до невиден удел на пазарите ширум светот и опфаќа повеќе од 40% од сите производи што се продаваат во седум европски земји и повеќе од 30% во уште девет земји во Европа. Токму тука и Витаминка го гледа својот понатамошен развој, иако програмата „приватни марки ја развиваме веќе неколку години и произведуваме голем број PL производи за купувачи ширум Европските земји“, изјави директорот на Продажниот сектор-Извоз, Љупчо Велески.

 

Годишниот меѓународен саем на PLMA „World of Private Label“ се организира повеќе од триесет и пет години и ги собира трговците на мало и производителите за да им помогне да најдат нови производи, да воспостават нови контакти и да откријат нови идеи кои ќе им помогнат за развој на приватни марки и ќе генерираат раст.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани