Македонисти – сатанисти, атеисти, фашисти
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

 

Македонисти – сатанисти, атеисти, фашисти

Имам еден пријател кој е антитеиста, не само што не верува во Бог туку е и спремен да се бори против било чие верување дека тој постои – само наука признава. Иако знае дека сум верник, неговите гледања никогаш, никогаш, наназад 20 години, не ги злоупотребил кон мене, ниту ми префрлил, а уште помалку да ги коментира работите околу мојата вера и црква. Тој човек и ден денес ми е пријател, иако идеолошки сме на сосема спротивни страни по скоро секое прашање, секако и политички, но без било каков повод, корист никогаш не ми се ниту спротиставил, ниту ме прозивал, ниту дозволил да ме омаловажи никој заради моите верувања, убедувања и светогледи.

Од друга страна, „некои“ мрежни корисници или екс колеги, упорно ме прозиваат по име и презиме, и плукаат по попови и свештеници и цела МПЦ, а знаат дека ми се блиски, само затоа оти не им се на иста политичка линија. Секако мене ме омаловажуваат и сакаат да ме девалвираат, а во исто време се декларираат како христијани.

Никогаш со ниеден збор ниту сум ги плукал, омаловажувал иако тешко ми беше на поменот на моите родители додека со свештеникот кажувавме молитва за моите упокоени родители ми пинга телефонот со порака „тебе и твоите попови треба да ве бесиме на плоштад“ додека ја држев свеќата со црна машна која се догорува за упокоениот.

Јас уште плачам над гробот на моите родители, не сум стоик, но ваквите „пријатели“ не ме вознемируваат. Благодарен сум на Бога што отворено ми покажува од каде доаѓаат нападитре и каква треба да биде мојата духовна борба.

Просто не ми се верува дека некои „бранители“ на Mакедoнија во име на македонците, излегоа дека се празни, шупливи луѓе, глави поленти со слама…Ах, …

Луѓе кои не сакаат да согледат белата смрт и катастрофалниот пад на наталитетот, кои се борат против двојазичност а во исто време не сакаат да ги погледнат поразителните статистки дека секоја година сите училишта каде учат македонци имаат по една паралелка помалку. Црквата не им чини, вмро не им чини, ману, не чинело, музичарите биле предавници, секој кој не урлал „не ја даваме“ е предавник, овој не чинел, попови не чинеле …. За кого ја браните? Кого застапувате? Која е таа Македонија без вера, без црква, без пород, без толеранција, без наука? Какви патриоти сте и чиј пример го споделувате? На оние само кои веруваат во кемтрејлови? После се чудите зошто протест за кучиња има повеќе од вас? После Цацко ви е виновен, или и инатаму ќе се вадите дека друг ви е крив? Раската во окото на братот – да, гредата во своето НИКАКО. Самобендисани дека сте прведни се однесувате памлестот на САНУ за српската кауза, губите постојано секој ден на терен и територија и пак не ви доаѓа памет. Зборите за демократија а устата ви е полна со осуда, повиси за бесење и зџакани кон секој кој не е со вас. Браните а секој ден губите се повеќе и после не ве следеле?

Ете, „патриот“ без почит кон ништо. само личниот интерес. Јас таму не сум и нема да бидам. нема потреба ни од прошка, им простив уште додека го читав текстот за моето бесење и свештенството, заборавив дека воопшто постоел. Фала ти Господи за сите искушенија, каков што сум заслужувам многу полошо. Но чиј лик на демон ми покажуваш, Слава ти што ме правиш буден и спремен.

Драги роднини и пријатели, особено вие блиски и интимни, не прашувајте за имиња и посочувања, такви ниски страсти нема да ви приуштам ниту ќе спаднам на нивно ниво. Ќе се молам за нивно спасение повеќе одошто ќе се молам за моите деца, а така и ќе направам нешто за мојата земја. Без да мафтам со ниедно туѓо знаме, без да покажувам симбол на три шестки или вегета, туку со знакот на моте предци, три прсти споени за крстниот знак, наследени од прадедовците мои, светите оци мои.

Господи, чувај ме од оние кои лажно Те призиваат, а бегаат од твоите Свети Тајни.

Господи Исусе Христе, помилуј мене мене грешниот.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани