Преку глава од тоа каков е народот!
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

 

Преку глава од тоа каков е народот!

Лигавење и антилигавење

Постојано анализи и анализи и анализи каков бил народот, какви сме биле, какви сме требале да бидеме зошто ни се случува ова што ни се случува, што сме требале да сториме за да не ни се случува ова што ни се случува, „одсад, па надаље и у будуче“.

И најарогантно, што и како сме требале да правиме. Не само ние, вие сега, туку од Аце па наваму. Со кого не требала Клеопатра, кај ја зезнал Самуил, што згрешил Крали Марко, како трбал Каропош, ма Гоце, Питу, Тито … Искрено, ако ви се прави воопшто нешто драги мои, дајте помножете не со нула – нас, мрсомудци. Не дека некои и не се во право, но што со тоа? Демек, до вчера се оставиле од блуд разврат и рекет, газеле преку лешеви, а денес големи лекции за малиот народ!?!? Какви сме биле, оти сме биле, заникаде сме…или од другата крајност, она, најдолно додворување – колку мирен, корток, добар, златен, бањат и напарфимисан народ. Се храни нечија суета за личен ќар. Али колку е само избликот најголем кога ќе почнат какви греоти сме биле, колку сме нстрадале и напатени сме биле, колку кутар, кроток стрдан народ сме биле – профитери!

Душегрижници – лопужи!

И од кого ми доаѓаат овие забалешки, мудрости, локумни, паламудење? .  Богдачуваидабрани – кажано додека земаш воздух и се крстиш, токму од оние кои ниту мука виделе, ниту со народ биле, али интелигентни копилиња кои знаат да склопат реченици кои кај нивните работодавци и финансиери предизвикуваат климање со глава и секако, сосема „споредно и несакаајќи“ ослободување простор за рекет, пардон, легитимна маркетиншка борба за рекламирање и нудење брда и долини оти они биле читани, следени, инфлуенсери, оти они кога ќе сркнеле од манџата, народ кршел нозе и раце тепајќи се у редови да купујат она што нивна златна уста  лижела. Се’ за добро ваше, на медиумот и пред се за кутрите им вработени кои се утепаваат за цели 200 евра, месечно. Важно партија задовољна, затоа спонзори пресречни оти – скрајадае само да не не’ спомне ни за добро ни за лошо, ама ако мора нека биде за арно ама малкуцка, онака само ѕрнце малкуцка.

И какви сме?

Ако сакате да дознаете на најдобар начин какви сме и што сме погледнете си дома, онака оние кои најмногу ги сакате, па оние кои најмногу ги мразите – од роџаци, вилиџ пипл, комшии до водители на контактни емисии и поделете со два – ние сме некоја бљутнава среднина од две крајности. Говна сме позлатени, парфимирано усмердени но како и секој „факин“ човек на планетава – ни подобри, ни полоши. Такви сме, такви се сите, се е само ПР. Јапанци и кинези биле вредни!?!?! Но имаат мафии какви криминали што прават немало ни у хорор филмови. Секое дело има своја еднаква спротивност – закон на термодинамика на универзумот. Зато и откривме и видовме, конечно и црна допка. Знаевме за неа, ама по заслуга ја видовме конечно и не само заради, наука, љубов и посветеност на генијалци туку и ни се даде оти треба да им и покажеш на стоката квази-човечка криминална која мачи и животни и деца и народ што ги чека. Баланс!

Шо да се праи?

Јас едино можам да донесам само неколку заклучоци – ако лекар ми каже имаш гликоза, па да намалам тежина и смалам внес на јаглени хидрати, ако ми кажат косата ти е заникаде, а на фризер да ги испеглам овие пар влакна или да си терам инат како душа и сака. Ниту сум подобар ниту полош, ни попаметен ни поглуп од било кого – исто како и вие. Има само мрзи. Луѓе кои не сакаат да вклучат мозок. Затоа со децении трепакаат дигиталните часовници по дома, од мрза, нема глуп човек – има само мрзелив! Затоа мрзливите оставаат впечаток на глупаци. Во основа мрзата е еден вирус кој овде ендемски малку повеќе е раширен се вика – меболикуритис и нема вакцина за него.

Што вика Тони?

Паа Тони кажа, болести и вируси нема, знаат вирусите дека има стока ко мене, а малку ноктот го заболи и ќе лежам и дремам недела дена пиејќи топли чајчиња и вкусни сокчиња, затоа и такви вируси напаѓаат вакви како мене (или вас). Затоа вежбај пи*да ти материна, ако сакаш да си здрав и долговечен или биди активен ако сакаш да подобриш нешто, да смениш нешто.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани