Кина ги запира испораките на LNG во Европа поради домашната побарувачка
  Објавено на
share

 

Кина ги запира испораките на LNG во Европа поради домашната побарувачка

Кинеските власти им забраниле на големите државни компании во земјата да го препродаваат течниот природен гас (LNG) на купувачи во Европа, како и во други земји во Азија, за да се обезбедат доволни количества за зимската грејна во Кина, пренесува во вторникот деловната новинска агенција Bloomberg News повикувајќи се на свои извори.

„Националната комисија за развиј и реформи, главното економско тело во земјата, им наложи на компании PetroChina Co, Sinopec и Cnooc Ltd. да ги задржат зимските количества за домашните потреби“, изјавил неименуваниот соговорник на агенцијата истакнувајќи дека тоа се однесува на течниот природен гас.

Државните кинески корпорации и регулаторот сn4; уште не одговориле на барањето за коментар за агенцијата.

Кина склучува големи договори за купување LNG од извозници како САД, а оваа година локалните трговци пренасочија дел од тие залихи во Европа поради помалата домашна побарувачка, се наведува во прилогот на Bloomberg.

Се додава дека таквите потези на Пекинг може да доведат до намалувањето на снабдувањето со течен гас во Европа и да ја дополнително да ја влоши веќе постојната енергетска криза на континентот во случај на остра зима.

Сепак, како што шпекулираат изворите на агенцијата, од друга страна додека испораките на LNG од Кина придонесоа за извесно олеснување за европските купувачи, брзото надополнување на залихите и рекордно високите транспортни трошоци ја намалиле атрактивноста на новите испораки на енергенсот на европскиот пазр.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани