Во „Аџибадем Систина“, промотивна цена за пресадување коса со револуционерната Sapphire FUE-метода
  Објавено на
share

 Во „Аџибадем Систина“, промотивна цена за пресадување коса со револуционерната Sapphire FUE-метода

 

На Одделот за естетска дерматологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ во тек е попуст за трансплантација на коса со револуционерната Sapphire FUE-метода. Станува збор за третман што го изведуваат врвни доктори и кој се прави во болнички услови според светски стандарди, а е минимално инвазивна хируршка интервенција со која, за многу кратко време, засекогаш се решава проблемот со губењето коса.

Сите заинтересирани можат да закажат бесплатен преглед и да ја искористат промотивната цена за трансплантација на коса до крајот на годината. Во пакетот со промотивна цена од 1.390 евра, пациентите добиваат трансплантација на коса, следење од страна на стручен тим пред и по процедурата, а вклучени се и лабораториски анализи, терапија и болничко сместување. Секој пациент добива и бесплатна PRP- процедура на коса.

Што е Sapphire FUE?

За разлика од другите методи за трансплантација на  коса, при кои е потребно трансплантирање на цел резен, со оваа метода се користат само влакна од пациентот од пределот на тилот кои се префрлуваат на „ќелавите“ делови. Овие влакна никогаш не паѓаат, поради тоа што на површината немаат рецептори за кои се врзува машкиот полов хормон тестостерон, кој е одговорен за испаѓањето на косата, па затоа и успехот е голем.  

Како се изведува постапката?

Постапката се изведува со помош на посебен апарат, со кој најпрецизно се земаат влакна од тилот на главата, без лузни и оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники. Се изведува со локална анестезија и целосно е безболна. Се земаат поединечните фоликули од регијата каде што има коса и со помош на специјална пинцета се трансплантираат на местата каде што таа недостасува. 

Влакно по влакно – природен изглед

Оваа метода има многу предности и е многу популарна бидејќи косата трансплантирана на ќелавите делови ја има истата боја и природен изглед како и преостанатата коса. Воопшто не е болна и се изведува за само 4-5 часа, а потоа веднаш си се враќате на секојдневните обврски. По трансплантацијата не остануваат резови, не носите завои ниту, пак, вадите конци. Постапката се изведува многу прецизно, со што трајно се решава овој проблем. Пресадената коса потоа расте за период од шест месеци, а потоа се заменува со нови влакна, кои ќе се обновуваат како и сите други влакна во период од секои 2 до 4 години, што е природен циклус на раст на влакната, а предноста е што таа не може пак да почне да опаѓа.

Кој е идеален пациент за оваа постапка?

Најчесто за изведување на оваа постапка се решаваат мажите што имаат проблем со ќелавоста, но во последно време, интерес пројавуваат и жените. Sapphire FUE-методата може да се применува кај сите пациенти над 18-годишна возраст и практично нема горна граница на возраста до која може да се извршува. Идеална возраст е од 25 до 35 години, поради карактеристиките на влакното.

Пред и по трансплантација

Пред изведување на постапката, потребна е консултација со докторот за да се направи план за трансплантација и да се лоцира местото од каде што ќе се земаат и засадуваат фоликулите. По трансплантацијата треба да се внимава на главата, за да не дојде до несакани удари во овој предел, да не се применува груба масажа на пренесените влакна и една недела да се избегнуваат спортски активности. 

Револуционерната FUE-метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно излекување на ќелавоста првпат во земјава е направена во Клиничка болница „Аџибадем Систина“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани