Повторно дојави за бомби во средните училишта во Скопје!
  Објавено на
share

 Повторно дојави за бомби во средните училишта во Скопје!

 Електронска и-меил порака со нова дојава за поставена бомба добила скопската гимназијата „Никола Карев“. Како што дознава „Локално“, на учениците им било кажано да си заминат од училиште, а на родителите им била испратена порака од класните раководители дека децата се испратени дома. 

Од МВР информираат дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

„Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани