КОЈА Е „ТЕХНОАЛПИН“, КОМПАНИЈАТА КОЈА ЌЕ ЈА РАЗВИВА ПОПОВА ШАПКА? Со неа соработувал и Борисов
  Објавено на
share

 

КОЈА Е „ТЕХНОАЛПИН“, КОМПАНИЈАТА КОЈА ЌЕ ЈА РАЗВИВА ПОПОВА ШАПКА? Со неа соработувал и Борисов

Компанијата има 2.400 клиенти во 55 земји, главно скијачки-центри.  Во Италија таа управува со над 1.200 километри патеки во 12 скијачки области на Доломитските Алпи. Ко-сопственикот и извршен директор на „ТехноАлпин“, Ерих Гумерер, е сопственик на фирмата „Витоша–ски“, која сега го развива и скијачкиот центар на планината Витоша кај Софија.



Компанијата „ТехноАлпин“, која ќе биде стратешки партнер за развој на ски-центарот Попова Шапка, е светски лидер во производството на топови за вештачки снег, со годишна заработка од повеќе од 100 милиони евра.

Компанијата, како што може да се види на нејзината веб-страница, вложила 6 милиони евра во иновации, а има 16 подружници во 13 земји во кои работат 600 лица.  Таа има 2.400 клиенти во 55 земји, главно скијачки-центри.  Во Италија оваа компанија  управува со над 1.200 километри патеки во 12 скијачки области на Доломитските Алпи.

„ТехноАлпин“ е експерт кога станува збор за производство на снег, со поголемо искуство како снабдувач на системи клуч на рака и способност да обезбеди оптимално решение за секое барање за правење снег и затоа гарантира совршен квалитет на снег, пишува на страницата.

Компанијата е партнер на Меѓународната федерација на зимски спортови и е партнер на голем број скијачки настани.

Оваа италијанска компанија е активна и во регионот. Соработува со сите ски-центри во Бугарија, а неодамна инсталираше и снежни топови и на Јахорина, Босна и Херцеговина. Нејзините снежни топови се инсталирани и во српските ски-центри.

Ко-сопственикот и извршен директор на „ТехноАлпин“, Ерих Гумерер, е сопственик на фирмата „Витоша–ски“, која сега го развива и скијачкиот центар на планината Витоша кај Софија.

Како што пишуваа бугарските медиуми пред една година, оваа компанија и компанијата „Јулен“, која е концесионер на скијачката зона Банско, им припаѓаат на компании регистрирани во офшор зона. Двете компании биле поврзани со косопственикот на Првата инвестициска банка и претседател на Бугарската скијачка федерација Цеко Минев, кој беше именуван како сопственик на „Јулен“ од тогашниот премиер на Бугарија Бојко Борисов. Подоцна се утврди дека вистинскиот соптсвеник на „Јулен“ бил  скијачката легенда Марк Жирардели.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани