НА 27 ЈАНУАРИ 1945 ЦРВЕНАТА АРМИЈА ВЛЕЗЕ ВО АУШВИЦ - СВЕТОТ РАЗБРА ЗА УЖАСИТЕ ОД ЛОГОРОТ НА СМРТТА „Arbeit macht frei“
  Објавено на
share

НА 27 ЈАНУАРИ 1945 ЦРВЕНАТА АРМИЈА ВЛЕЗЕ ВО АУШВИЦ - СВЕТОТ РАЗБРА ЗА УЖАСИТЕ ОД ЛОГОРОТ НА СМРТТА

„Arbeit macht frei“


Фотографиите и снимките кои го обиколија светот се најголемото сведоштво за ужасот, хоророт, страдањето и мачењето кои затворениците ги доживуваа во логорот на смртта во кој маченички умреа и загинаа милиони и тука и во другите логори. 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија
 
 
Влезот во Аушвиц I. На вратата стои мотото типично за концентрационите логори на нацистите: „Arbeit macht frei“ (герм. „Работата ослободува“).

Аушвиц-Биркенау или само Аушвиц (герм. Auschwitz, пол. O"7;więcim) — најголемиот комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Ошвјенќим (германски: Аушвиц) во Полска, околу 50 км западно од Краков. По германската окупација на Полска во 1939, Ошвјечим бил дел од полската територија анектирана кон Германија. Нацистите го раселиле целокупното население во околината на местото, за да обезбедат тајност на операцијата. Во целиот реон постоеле околу 40 придружни логори, со различен број на затвореници, од неколку десетици до неколку илјади.[1]

Командантот на логорот, Рудолф Хес, сведочел на Нирнбершкиот процес дека три милиони луѓе умреле во логорите во времето кога тој бил командант (4 мај 1940 до ноември 1943). Подоцна ја намалил оваа проценка на околу 1,1 милион, и оваа проценка денес е општо прифатена.[2]. Од нив околу 90% биле Евреи од речиси сите земји во Европа.[3] Покрај тоа, биле убиени голем број Роми, политички неистомисленици и руски воени заробеници. Најголем дел од депортираните биле убивани во логорот Биркенау (познат и како Аушвиц II) со употреба на гасот Циклон-Б, но голем број починале и поради глад, присилна работа, болести и медицински експерименти. Телата на умрените биле кремирани, најпрво во крематориуми, а подоцна и во отворени јами.

Помеѓу 18 и 27 јануари 1945, поради наближувањето на советските трупи, Ес Ес евакуирал околу 60.000 затвореници од Аушвиц во други концентрациони логори. Црвената армија го ослободила логорот на 27 јануари 1945 г, и затекнале околу 7.000 затвореници.

The Politics of History: Holocaust Denial and Distortion in Europe Today

Soviets Liberate Auschwitz - HISTORY

Soviets Liberate Auschwitz - HISTORY

75 Years After The Liberation Of Auschwitz: What Happened & How Do We  Remember? | HistoryExtra

Why is Auschwitz so important? :: About Holocaust

Online Exhibition — United States Holocaust Memorial Museum

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани