ЛИТУРГИЈА И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Автор: Владика Наум   Објавено на
share

ЛИТУРГИЈА И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 

 

“Мислам дека, кога ситуацијата е редовна, духовен отец не би требало сите свои служења на Литургии да ги постира на социјалните мрежи, освен ако не служи ретко или ако му е такво послушанието. Ако веќе постира, не треба да претерува со сликите и треба да внимава со кого се слика, да не предизвика соблазна. И, подобро да постира беседи отколку слики – тоа го покажува нивото на комуникација.

Случувања надвор од Литургијата не би требало да постира, освен ако не се посебно важни. Никако не би требало да постира како пружа помош некому. И личен профил не би требало да има. Духовен отец не би требало да им наредува на духовните чеда каде да лајкуваат, а каде не; освен ако нема некоја посебна причина. Покрај изричната забрана, постои и премолчна – кога на духовното чедо му е страв да го видат да лајкува кај друг духовник.

Духовникот не треба да им дозволува на духовните чеда да го бранат и да се расправаат заради него по социјалните мрежи, а уште помалку самиот тој да се правда. Духовен човек не би требало да има желба да се појавува на јавни настани и да биде виден со јавни личности, освен ако така треба. Духовникот навреме треба да се повлече од својата висока позиција за да имаат време сите да го заборават и да почине мирно во молитва и анонимност. Треба да остави заповед по своето упокојување да не се знае неговиот гроб и никој од неговите духовни чеда не смее да го смета за свет или да презема активности во таа насока.

Немаме ништо друго освен Богочовекот Исус Христос. Инаку, може да се забега во градење култ на личноста, покрај живиот Христос Господ. Умно-срдечната молитва не сака драма, додуша – ни комедија. Мое мислење.“ - дедо Наум




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани