Воведен курс по астрономија 2023
  Објавено на
share

 Воведен курс по астрономија 2023


Со почеток од 14 март 2023 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Придружете им се, затоа што учењето со нив е забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со работата на САД.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени со примери од секојдневието, со многу слики, анимации, неколку важни равенки и, секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во предавална 122 на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 19 часот.

Курсот ќе започне на 14.3.2023 (вторник). Предвидени се 10 термини, од кои два надвор од ФЕИТ: во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо. Предавањата ќе завршат на 13.4.2022.

За да се пријавите на курсот неопходно е да го пополните следниот формулар. Цената на курсот е 2200 денари* и се уплаќа пред почетокот на првото предавање.

Во цената се вклучени:
• скрипта со материјали од курсот;
• посета на Планетариумот;
• набљудувања со телескопи;
• завршен тест (кој не е задолжителен);
• диплома.

Важно: Курсот не го препорачуваме за деца под 14 години.

* За студентите од ФЕИТ (со приложен индекс или студентска легитимација) курсот е бесплатен.

За повеќе информации пишете на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076 439 027.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани