Митрополитите г. Тимотеј и г. Наум во Фанар за пречекот на Кипарскиот Архиепископ
  Објавено на
share

 

Митрополитите г. Тимотеј и г. Наум во Фанар за пречекот на Кипарскиот Архиепископ

Митрополитите Тимотеј и Наум во Фанар за пречекот на Кипарскиот архиепископ Митрополитите Дебарско-кичевски Тимотеј и Струмички Наум, вчера во Фанар присуствувале на приемот на новиот Кипарски aрхиепископ Георгиј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Како што е објавено на веб страницата на Бигорскиот манастир, за време на приемот биле разменети пригодни слова од страна на владиците Тимотеј и Наум.

Во соопштението на официјалниот портал на Вселенската Патријаршија, се наведува дека „Архиепископот на Нова Јустинијана и цел Кипар г. Георгиј, ја оствари својата прва мирна посета по изборот и востоличувањето, започнувајќи, како што налага преданието, од првопрестолната помеѓу Патријаршите – Великата Христова Црква во Константинопол“.

Во чест на архиепископот Георгиј, кој бил придружуван од архиереи на Кипарската црква, била отслужена Доксологија во Патријаршискиот храм „Св. Георгиј Победоносец“. 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани