ВИТАМИНКА НА НАЈПОЗНАТИОТ САЕМ ЗА ХРАНА ВО АТИНА Food Expo
  Објавено на
share

 

ВИТАМИНКА НА НАЈПОЗНАТИОТ САЕМ ЗА ХРАНА ВО АТИНА

Food Expo отвора нови можности за извоз и за производство

Витаминка ги покажа своите производи пред илјадници професионалци од трговија на мало, големо и угостителство од Грција и од странство. Беше претставена благата програма, намази, сосови, масло за јадење, супи и зачини и додатоци за јадење.

 

Витаминка, најголемиот производител од прехранбената индустрија во земјава, ја изложи својата производна програма на Food Expo 2023, што викендов се одржа во Атина, Грција.

На една од најпознатите изложби за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Витаминка ги покажа своите производи пред илјадници професионалци од трговија на мало, големо и угостителство од Грција и од странство. Беше претставена благата програма, намази, сосови, масло за јадење, супи и зачини и додатоци за јадење.

– Food Expo во Атина е наменет за производители на храна, супермаркети, хипер маркети, кетеринг сервиси, увозници на храна и вино, трговци на големо и дистрибутери. Од разновидноста на понудата и учесниците произлегува и неговата големина и значење за една компанија што вложува во својата експанзија да биде дел од ова големо случување. Искуството од досегашното присуство на Витаминка на овој саем ни покажа дека покрај комерцијалниот успех што со толкаво големо присуство е загарантиран, уште и со воспоставените релации влијае позитивно и на развојната стратегија и плановите за раст на компанијата и тоа во секој аспект, дали со пазарно или со производно проширување – рече директорот за извоз, Љупчо Велески.

Изложувачите на Food Expo беа производители на маслиново масло, млечни производи, деликатесни производи и вино, од месната индустрија, органски производи, конзервирана и замрзната храна. На простор од 50.000 метри квадратни беа присутни 1.300 изложувачи, водечки компании за производство и преработка на храна и пијалаци, а во текот на викендот саемот го посетија повеќе од 35.000 посетители.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани