ДОДЕКА СИ ВАДИМЕ ОЧИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, АМЕРИТЕ СЕ ОТКОРНАА ОД КУПУВАЊЕ УРАНИУМ ОД РУСИЈА - не е за читање , поготово за определени.
  Објавено на
share

ДОДЕКА СИ ВАДИМЕ ОЧИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, АМЕРИТЕ СЕ ОТКОРНАА ОД КУПУВАЊЕ УРАНИУМ ОД РУСИЈА - не е за читање , поготово за определени.

Uranium Ore in Barrels (03010300) | Yellowcake is packed in … | Flickr

 Соединетите држави во првите шест месеци годинава од Русија купиле 416 тони ураниум, што е за 2,2 пати повеќе отколку во истиот период минатата 2022 година и највисоко ниво од 2005 година, според пресметките врз основа на американската статистичка служба.

Русија, којашто поради инвазијата во Украина е под најжестоките во историјата западни санкции, испорачува во САД само збогатен ураниум-235, што е главната ставка во категоријата „редиоактивни“ набавки на Вашингтон. Истовремено, анализата ги зема предвид и податоците за увоз на природен и осиромашен ураниум, кои САД ги набавуваат од други земји.

Според пресметките, во првите шест годинешни месеци, САД го зголемиле купувањето на ураниум од Русија на 416 тони во однос на 188 тони во истиот период претходната година. Последен пат толкави вредности се забележани во 2005 година, кога од Русија во САД биле увезени 418 тони ураниум.

Истовремено, за овие руски испораки, американските купувачи исплатиле вкупно 696,5 милиони долари, што е највосок показател од 2002 година, а нема месечни статистички податоци за претходните години. За една година вредноста на испораките така се зголемила за речиси два ипол пати, за 13-проценти поени од една година претходно на 32 отсто.

САД, исто така, значително ги зголемиле набавките на ураниум и до Велика Британија, за 28 отсто на 383,1 милиони долари, што е удел од малку помалку од 18 отсто од вкупниот американски увоз на рудата. Најзначајното зголемување на испораките отпаѓа на Франција, која на американскиот пазар извезла ураниу за 319 милиони долари, или 15 отсто од вкупниот увоз, во однос на само 1,9 милиони долари една година порано.

Меѓу петте најголеми добавувачи се и Германија, со 13 отсто од американскиот увоз, која ги зголемила испораките за 1,5 отсто до 277 милиони долари и Канада која учествува со 11 отсто од увозот, удвојувајќи гја сумата за 247,5 милиони долари.

Германија, така, е единствениот голем извор за природен ураниум за САД. Истовремено Холандија, којашто минатата година била на второто место, ги преполовила своите испораки на вкупна вредност од 193 милиони долари, спуштајчи се на шестата позиција.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани