100 години од големиот човечки подвиг - откривањето на инсулинот
На оваа слика е снимен еден од најневеројатните моменти на медицината.
Имено, во 1922 година. години на Универзитетот во Торонто, научниците отидоа во болничкиот оддел со деца кои беа во кома и умираат од дијабетична кетоацидоза. Замислете соба полна со родители кои седат покрај креветот и ја чекаат блиската смрт на нивното дете.
Научниците одеа од кревет во кревет и им инјектираа на децата нов прочистен екстракт - инсулин. Кога на последното дете му вбризгале инсулин, првото дете кое го вбризгувале се разбудило од кома. Сите деца едно по едно се разбудиле од дијабетична кома.
Собата на смртта и темнината стана место на радост и надеж. Благодарност до докторите Бантинг и Бест, кои добија Нобелови награди за физиологија и медицина за нивното откритие за инсулин следната година.
Пред Бантинг да започне да спасува животи со инсулин, тој беше лекар за време на Првата светска војна во канадската армија. Во битката кај Кембри, и покрај повредите, тој успеал да им помага на другите мажи цели 16 часа додека друг лекар не го спречил. Награден е и во 1919 година.години за херојство.
Еве како следувале настаните
1920 година
31 октомври
Д-р Фредерик Г. Бантинг се буди среде ноќ со идеја за необичен експеримент – изолирање на внатрешното лачење на панкреасот, со можност за третирање на дијабетес. Бантинг се интересирал за метаболизмот на јаглехидрадите и дијабетесот.
07 ноември
Бантинг се среќава со д-р Џон Џ. Р. Меклауд, Шеф на одделот за физиологија при Универзитетот во Торонто, пред кој ја изложува својата идеја, третман на дијабетес со екстракт од внатрешното лачење на панкрес. Меклауд му ја дава својата поддршка и се согласува Бантинг да го започне своето истражување на Универзитетот во Торонто во пролетта, 1921 година.
1921 година
Мај
Бантинг го напушта Лондон, Онтарио. и оди во Торонто каде го започнува своето истражување. Меклауд го назначува Чарлс Бест, студент од 4та годинс на постдипломски по физиологија и биохемија, да му помага на Бантинг. Бест му помага на Бантинг со тестирањата на нивоата на гликоза во крвта и нивоата на азот и гликоза во урината.
Мај-јули
Бантинг и Бест ги започнувале нивните експерименти со процедури за отстранување панкреас и лигација на канали кај кучиња. Многу обиди биле неуспешни бидејќи кучињата не преживувале. До средината на јуни, две кучиња на кои им бил изваден панкреасот закрепнале, а седум кучиња кај кои биле спроведени процедури за лигација на каналите напредувале добро.
30 јули
Бантин и Бест продолжуваат кон подготвување на нивниот прв екстракт изолиран од панкреас, користејќи ги деталните упатства од Меклауд. Кучето бр. 410 е прво кое добива инјекција со изолатот. Екстратот има јасен ефект, но кучето паѓа во дијабетска кома и умира следниот ден.
04 август
Куче бр. 408 добива инјекција со екстракт, кој успешно ја намалува гликозата во крвта. Бантинг и Бест за прв пат го нарекуваат нивниот екстракт „Илетин“.
14 ноември
Бантинг и Бест го презентираат нивното истражување пред Новинарскиот клуб при Одделот за физиологија на Универзитетот во Торонто.
16 ноември
Бантинг и Бест изготвуваат екстракт добиен од панкреасите на фетални телиња и успешно го администрираат на кучиња, намалувајќи ги нивоата на гликоза во крвта. Екстрактот сега веќе може да се подготвува поефикасно.
Леонард Томпсон, првиот пациент на инсулин
23 ноември
Бантинг и Бест си инјектираат меѓусебно мали дози од нивниот од екстрактот, што не предизвика никакви штетни влијанија.
07 декември
Две кучиња добиваат екстракт изготвен со нов метод со алкохол, наменет за отстранување на нечистотиите во екстрактот.
12 декември
Меклауд го поканил д-р Џејмс Колип да се придружи кон истражувачкиот тим за да го продлабочи развојот и прочистувањето на екстрактот издвоен од панкреас.
21 декември
Бантинг и Бест го тестираат нивниот екстракт на д-р Џосеф Гилкрист, колега-лекар кој живее со дијабетес. Го администрираат преку цевка во стомакот, но нема никаков ефект.
25 декември
Колип користи вакуумска дестилација за испарување на алкохолот од растворот на екстрактот. Овој екстракт функционирал значително подобро во намалувањето на нивото на гликоза во крвта кај кучињата кои го примале.
28-30 декември
Бантинг издава труд за неговото истражување – „Корисни влијанија на одредени екстракти од панкреасот врз панкреатски дијабетес“ – на 34-то Годишно собрание на Американското друштво за физиологија во Њу Хејвн, САД.
1922 година
Јануари
Д-р Џон Г. Фицџералд, директор на Конаут Лабораторис на Универзитетот во Торонто, ги нуди просториите на лабораторијата, заедно со 5 000 долари, како помош за забрзување на работата на Бантинг, Бест и Колип. Колип и Бест службено се назначени да ги водат операциите за производство на Конаут, нешто кое подоцна ќе биде познато како „Инсулинскиот оддел“.
11 јануари
Бантинг и Бест земаат ампула со изолиран екстракт од панкреас и во Општата болница во Торонто ја администрираат на 14-годишниот Леонард Томпсон. Екстрактот има скромен ефект и предизвикува гноен оток на едно од местата на инјектирање.
16 јануари
Колип открива прецизна граница за концентрацијата на алкохол во екстрактот, што му овозможува да го опфати внатрешното лачење во досега најчистата форма.
23 јануари
Екстрактот на Колип му се дава на Леонард Томпсон. Резултира со остар пад на нивото на гликоза во крвта, без да предизвика какви било отоци или други несакани дејства.
25 јануари
Се формализира договор за истражување и развој помеѓу Бантинг, Бест, Колип и Меклауд од една страна, и Конаут Лабораторис на Универзитетот во Торонто, од друга страна.
Февруари
Гилкрист и уште шест други лица со дијабетес во Општата болница во Торонто успешно се третирани со екстрактот на Колип.
03 мај
Меклауд за прв пат го нарекува екстрактот „Инсулин“, за време на презентација на собирот на Друштвото на американски лекари во Вашингтон.
26 мај
Џим Хејвнс, 22-годишниот син на потпретседателот на Истман Кодак, ја прима првата доза на инсулин даден во Соединетите Држави.
28 јуни
Унивезитетот на Торонто постигнува формален договор со Ели Лили за започнување на уникатно и интензивно, едногодишно, ексклузивно партнерство, фокусирано на развивање методи за производство на инсулин на големо.
Октомври
Единаесетгодишниот Елси Нидхем од Гејт, Онтарио е првиот пријавен случај на лице со дијабетес кое се има вратено од дијабетична кома како резултат на давање инсулин.
1923 година
Јануари
Бантинг, В. Р. Кемпбел и А. А. Флеџер објавуваат во една статија за Британскиот медицински весник дека до крајот на декември, 1922, пеесет лица со дијабетес биле успешно третирани со инсулин во Општата болница во Торонто, со десет лица повратени од целосна кома.
23 јануари
Бантинг, Бест и Колип ги добиваат американските патенти за инсулин, кои потоа ги продаваат на Универзитетот на Торонто, секој за по 1 долар.
Октомври
Бантинг и Меклауд ја добиваат Нобеловата награда за откривањето на инсулинот.
Извор : insulin at 100…