ПРВА И ЕДИНСТВЕНА - КОЖУВЧАНКА во ЛИМЕНКА!
  Објавено на
share

 ПРВА И ЕДИНСТВЕНА -

КОЖУВЧАНКА во ЛИМЕНКА!


Со гордост ви ја претставуваме оваа прва и единствена на македонскиот пазар вода во Лименка, сега како дел од Фамилијата Кожувчанка.
 
Вашата омилена газирана вода Кожувчанка сега и во 300mL, во лименка!
“Ова беше голем предизвик за Компанијата и тимот, но како и секогаш се
стремиме да бидеме иновативни и за нашите потрошувачи да обезбедиме
производ од највисоко ниво на светски стандарди кој со гордост први го
претставуваме кај нас на пазарот!” – изјавија од Кожувчанка, од Кавадарци.
Кожувчанка, газирана вода во Лименка е резултат на години на истражување и
развој, со цел да ги задоволи потребите на потрошувачот и да се соочи со
предизвиците на современиот начин на живот. Лименката е произведена со највисоки стандарди на квалитет и безбедност, што гарантира дека како и докажаната Кожувчанка газирана вода, ќе го добиете само најдоброто!
 
А, кои се дополнителните придобивки?
 
Лименката е добра за нашата животна средина. Ако барате поеколошки начин
да останете хидрирани, водата пакувана во лименка е вистинскиот избор!
Лименката има за можност да се рециклира бесконечно, а тоа го прави овој
производ енергетски ефикасен и долготраен. Секојпат кога пиете Кожувчанка од лименка, можете да бидете сигурни дека таа ќе се рециклира.
 
Исто, водата пакувана во лименка не само што е поодржлива поради
рециклирањето на алуминиумската амбалажа, туку поради тоа што не содржи никакви штетни хемикалии, таа е и побезбедна за вашето здравје.

Секогаш мислиме на вас!
Ваша,
Кожувчанка

 

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани